Достапни линкови

Ерусалим, град на мирот без мир


Ерусалим, град прогонуван од војни
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:54 0:00

Ерусалим, град прогонуван од војни

И додека одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да го признае Ерусалим за главен град на Израел предизвика нов бран протести на Палестинците во Појасот Газа, арапските жители на Ерусалим велат дека тие никогаш не виделе мир откако градот бил окупиран од Израел.

И Израелците и Палестинците го сметаат Ерсуалим, каде што имаат свои еврејски и исламски свети места, за нивен главен град.

Израел ја презеде контролата врз Источен Ерусалим од Јордан во војната во 1967 година, а во 1980 година целиот град го прогласи за неделив.

Сепак, меѓународната заедница никогаш не го призна Ерусалим за израелски главен град. Арапите и натаму живеат во Стариот Град на Ерусалим, каде што има големо присуство на израелска војска и полиција.

75-годишниот Абдула го напуштил Стариот Град во 1948 година за време на Арапско-израелската војна. Се вратил во 1980 година, но вели дека никогаш не се чувствувал мирно:

„Ерусалим е наречен Град на мир. Но, нема мир откако Израелците го зазедоа. Јас ги издржав сите тешкотии. Имам 75 години. Минав низ сите војни, сите катастрофи и сè уште не сум поминал ниту еден ден мирно“, вели тој.

И други од генерацијата на Абдула се сеќаваат кога израелските војници влегоа во Стариот Град. 73-годишниот Тефик вели:

„Се сеќавам на сè, на сите војни, се сеќавам како Евреите влегоа во Стариот град, како го окупираа нашиот дом. Немаше интензивни битки, како одеднаш да беа внатре во градот. Јорданските трупи го напуштија и Стариот Град наскоро беше контролиран од израелските сили“, се сеќава тој.

Тефик додава дека Арапите не мислат никогаш да го напуштат Ерусалим дури и по цена да умрат во градот.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за време на престојот во Париз, пак, изјави дека Ерусалим е главен град на Израел 3.000 години:

„Тоа секогаш беше наш главен град и Ерусалим никогаш не бил главен град на кој било друг народ. Мислам дека колку порано Палестинците ќе се справат со оваа реалност, толку побргу ќе се движиме кон мир. Затоа мислам дека најавата на американскиот претседател Трамп беше толку историска и толку важна за мирот“, рече Нетанјаху.

Иако мина повеќе од половина век откако војната ја остави Ционската порта на Стариот Град со многубројни дупки од куршуми, сепак конфликтот и натаму продолжува да го прогонува Ерусалим.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG