Достапни линкови

Белата куќа бара да не ѝ се укинува овластувањето за војна


Матис и Тилерсон: Конгресот да не ги укинува воените овластувања
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:18 0:00

Матис и Тилерсон: Конгресот да не ги укинува воените овластувања

Највисоките советници за национална безбедност на претседателот Доналд Трамп ги повикаа американските конгресмени при разгледувањето на воените овластувања да избегнат наметнување географски или временски ограничувања во војната против Исламската држава и другите милитантни групи.

Војната во основа е непредвидлива, изјави секретарот за одбрана Џим Матис во сослушувањето во Сенатот за потенцијалното ново овластување за употреба на воена сила, најзначајниот чекор на Конгресот во изминативе години со цел преземање на контролата над нејзиното уставно право да овластува војни. Притоа Матис додаде:

„Откажувањето на овластувањата од 2001 и 2002 година само ќе предизвика непотребна политичка и правна неизвесност, што би можело да доведе до дополнителни судски процеси и сомневања на јавноста“, рече тој.

Матис и државниот секретар Рекс Тилерсон, велат дека постојните овластувања не треба да се укинуваат сè додека не се воспостават нови.

Тие изразија уверување дека сегашните овластувања обезбедуваат доволен законски авторитет за тековните воени акции. Тилерсон притоа оцени:

„И потенцијалното укинување на овластувањето од 2001 година, без итна и соодветна замена, може да покрене прашања за домашната правна основа за целокупните воени активности на САД против талибанците, Ал Каеда и придружните сили, вклучително и против Исламската држава, како и нашите операции за задржување во заливот Гвантанамо“, рече тој.

Републиканците и демократите во Конгресот со години се расправаат во врска со тоа дека Конгресот ѝ отстапил преголем авторитет на Белата куќа во распоредувањето американски сили по нападите на 11 септември 2001 година.

Тие, исто така, се поделени и околу тоа колкава контрола треба да вршат над Пентагон.

Според Уставот, Конгресот, а не претседателот, има право да објави војна.

Загриженоста се интензивираше овој месец откако четворица американски војници загинаа во Нигер, како и по заканите на претседателот Доналд Трамп во врска со начините за справување со Северна Кореја.

Републиканскиот сенатор Боб Коркер, претседател на Комитетот за надворешни односи, изјави на сослушувањето дека заседата во Нигер покажува дека силите на САД „можат во секој момент да се најдат во борба“.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG