Достапни линкови

Ердоган со нови обвинувања до Германија


Ердоган: Германија им помага на терористите
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:46 0:00

Ердоган: Германија им помага на терористите

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ја обвини Германија дека им помага на терористите. Тој притоа посочи дека Германија не одговорила на илјадниците досиеја испратени во Берлин и дека не ги предавала осомничените кои ги бараат турските власти.

Ваквите забелешки на турскиот претседател Ердоган искажани на конференција пред приврзанците на неговата Партија на правото и развојот во провинцијата Ризе на Црното Море веројатно ќе значи натамошна ескалација на тензиите меѓу двете земји.

„Германија им помага на терористите. Им дадовме досиеа. И дадовме на Меркел 4 илјади и 500 досиеа, но не добивме одговор за ниту едно од нив. Но ако има терорист уапсен или притворен тука, тие ни бараат да им го вратиме назад“, изјави Ердоган, додавајќи:

„Вие нема да ни ги испраќате терористите што ги имате, но го барате тоа од нас. Значи дека вие имате правосудство, но ние го немаме во Турција?“, рече Ердоган.

Тој, исто така, ги обнови предупредувањата за можна воена акција против курдските борци во Сирија, кои се дел од борбата предводена од Соединетите Држави против милитантите на Исламската држава. Курдските милиции го предводат нападот врз милитантите во нивното главно сириско упориште Рака.

Токму поддршката на Соединетите Држави за курдските борци во Сирија ја разгневи Турција, која смета дека растечката сила на Курдите на теренот претставува закана за турската безбедност.

Во последниве недели имаше редовни размени на ракетен и артилериски оган меѓу турските сили и курдските борци кои контролираат дел од северозападна граница на Сирија.

Ердоган изјави дека Турција е подготвена да преземе дејствија.

„Знаеме како првиот чекор што го презедовме во Сирија со Еуфратскиот штит го пресврте новиот поредок што се сака да се воспостави во земјата. Наопаку. Имаме власт на 2 илјади квадратни километри. Ќе го уништиме овој поредок што се обидуваат да го етаблираат со терористички организации со нови чекори. Нема да дозволиме нови терористички зони и во Ирак исто така“, рече Ердоган.

Турција, која има втора најголема армија во НАТО, по Соединетите Држави испрати дополнителни сили, односно големи артилерски и тенковски единици на границата со Ирак и Сирија.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG