Достапни линкови

Хан и Заев поставија патоказ за итните реформски приоритети


Спроведувањето на реформите во фокусот на средбата меѓу Хан и Заев
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:45 0:00

Македонската Влада отвори важен реформски процес за евроинтеграциите на земјата, а реформите се потребни за подобрување на условите за живот на граѓаните, истакнаа премиерот Зоран Заев и еврокомесарот за преговори за проширување Јоханес Хан.

Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан денеска присуствуваше на тематска владина седница посветена на итните реформски приоритети за евроатланските интеграции, а потоа со премиерот Зоран Заев на заедничка прес-конференција истакнаа дека Владата со помош на Европската унија работи на подготовка за итните реформски приоритети во земјата.

Заев изјави дека Владата отворила важен процес за евроатланските интеграции на Македонија и ново поглавје за иднината на земјата, истакнувајќе дека прецизирале работен документ за идните реформски приоритети со цел добивање на позитивна препорака во извештајот за напредокот на Македонија и препорака за почеток на преговори со Европската унија.

Заев рече дека Владата работи на акциски план наречен патоказ, во кој се сочинети реформите кои треба да се спроведат во неколку клучни области и којшто треба да биде завршен до 1 јули.

„Станува збор за предвидени реформи во клучни области: владеење на правото, професионални државни институции, независни регулаторни тела, слободни медиуми, што поизлегуваат од Договорот од Пржино, забелешките на експертската група на Европската комисија (ЕК) предводена од Рајнхард Прибе, Рамковниот договор, извештаите на ЕК за напредокот на Македонија и извештаите на други институции и организации“, рече Заев.

Еврокомесарот Јоханес Хан порача дека е важно земјата да се сконцентрира на задачите кои и престојат и оти сите одговорни актери во општеството мора да се фокусираат на она што е важно - создавање на модерно општество и држава која ќе работи во интерес на сите граѓани.

Хан истакна дека сите лидери на политичките партии застапени во Парламентот треба да имаат критична и констуктивна улога, а политичката дебата да се одвива во Парламентот. Тој додаде дека спроведувањето на реформите се за подобрување на условите за живот на граѓаните, а ги поздрави и позитивните чекори кои се превземени со Бугарија и Грција.

„Би сакал да ги пофалам позитивните чекори коишто ги направивте вие и вашиот министер за надворешни работи, со вашите колеги од Бугарија и Грција. Од суштинска важност е одново да се воспостават добрососедски односи“, рече Хан.

Во однос на спорот за името, Заев истакна дека е уверен во градењето на пријателска атмосфера и доверба со што ќе се создадат минимум услови да се разговара отворено за прашањето.

Хан, пак, нагласи дека тоа е прашање на кое треба да работат двете земји, а оти е во интерес на Европската комисија да дојдат во фаза на Македонија да и дадат позитивна препорака и тоа е поврзано со потребниот напредок во спроведување на итните реформски приоритети.

  • 16x9 Image

    Владимир Калински

    По завршувањето на студиите по новинарство започна да работи во А2 телевизија каде што известуваше за политички, економски и социјални теми. Потоа беше ангажиран во македонската редакција на Радио Дојче Веле во Бон. Во последниве неколку години работи во Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG