Достапни линкови

ОН најавија истрага за хемискиот напад во Сирија


Повредените од Идлиб зборуваат за хемискиот напад
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:28 0:00

Повредените од Идлиб зборуваат за хемискиот напад

Обединетите нации најавија истрага за наводите дека имало напад со хемиско оружје во сириската провинција Идлиб, при што загинале најмалку 72 луѓе. Сиријците повредени во овој напад говорат за ефектите по големата експлозија.

Двајца Сиријци од петнаесетина колку што се префрлени на болнички третман во турскиот град Рејханли изјавија дека по нападот тие не можеле да дишат и оти чувствувале гадење и вртоглавица. Ахмед вели:

„Моето семејство и јас спиевме за време на нападот. Тој се случи меѓу 6 и 7 часот наутро. Имаше бомбардирање и голема експлозија“, вели тој.

Ахмет додава дека имал тешкотии со дишењето, како и вртоглавица.

Веда Аџеј, која биле повредена за време на нападот, пак, изјави:

„Бевме погодени од гас. Не можевме да станеме. Чувствував вртоглавица и не можев да дишам“, вели таа.

Опсерваторијата за човекови права во Сирија со седиште во Велика Британија, лекарите и спасувачките екипи во подрачјето под контрола на бунтовниците во Сирија ги обвинија сириските власти за нападот.

Официјален Вашингтон исто така верува дека зад нападот, за кој се смета дека бил извршен со хемискиот гас сарин, стојат силите лојални на претседателот Башар ал Асад.

Пратеникот на ОН за Сирија, Стафан де Мистура, во Брисел, каде што се одржува конференција за крај на сириската веќе седумгодишна граѓанска војна, изјави дека имало индикации оти хемискиот напад бил извршен од воздух.

„Она што го разбравме е дека тоа беше хемиски напад и оти дојде од воздух. Стимулиравме и ќе ги стимулираме сите кои имаат капацитет да откријат технички што се случило“, рече тој.

Мистура најави истрага за да се утврди што се случило.

Обединетите нации, осудувајќи го инцидентот, повторија дека користењето хемиско оружје претставува сериозно кршење на човековите права и воено злосторство.

Сириската армија ја отфрли одговорноста за нападот, наведувајќи дека никогаш не употребувала хемиско оружје.

Во претходните истраги предводени од Обединетите нации беше утврдено дека сириската влада користела хлор како оружје и тоа најмалку три пати од 2014 до 2015 година.

Најмалку 300 илјади луѓе биле убиени, а неколку милиони други се раселени од Сирија од почетокот на војната.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG