Достапни линкови

Дамјановски – Во мојот кабинет не дошол човек од власта


Дамјановски – Во мојот кабинет не дошол човек од власта
please wait

No media source currently available

0:00 0:11:12 0:00

Во овој кабинет, освен кога има воена криза или некои елементарни непогоди, нема дојдено ниту еден министер, нема дојдено премиер, ниту претседател на државата, вели градоначалникот на Куманово, Зоран Дамјановски, кој е од редовите на СДСМ, во неделното интервју на Радио Слободна Европа.

На почетокот на месецот најавивте набавка на средства и возила за прскање против загадувањето. Дванаесет години сте градоначалник, зошто дури сега ги набавувате?

Ние не сме набавиле таква опрема.

Најавивте дека ќе набавите.

Зборувавме како можност во изградба на стратегија на координативното тело и акциониот план кој треба да се донесе во нареден период. Тоа не е нешто што ќе го направиме ад-хок, меѓутоа тоа не е решение за проблемот со загадување на амбиенталниот воздух.

Што е решението?

Мислам дека тоа е една системска болест. Системска болест која не е привилегија на само еден орган како локална самоуправа, туку е болест која е подеднакво поделена прво на централната власт, потоа на локалната власт.

Што може сега вие како градоначалник да направите?

Куманово спаѓа во ниско, односно слабо загадени градови. Дадоа едно 10-15 градови кои се пред нас, значи тоа е една флуктуација која се менува. Сега ако ги гледаме инструкциите на Министерството за животна средина, дека главната кауза за загадувањето, зборувам сега за ПМ 10 честички, бидејќи тука имаме и други сегменти, имаме карбон моноксид, имаме азотен оксид, имаме сулфур диоксид, значи во сите сегменти ние сме ниско загадени, односно слабо загадени средини. И тука имаме два сегмента, едното се издувни гасови, другото загадувањето од оџаците, од цврстото горење.

Ние како држава дозволивме енормно горење на шуми. Во два правци делуваме штетно. Прво го користиме како гориво, во мојата заедница, бидејќи имаме многу ниска економска стратификација, а второ ги уништуваме шумите. Имаме кражба, диви сечачи на шуми, оголување на цели брда, тоа е една штета. А и самото огревно дрво е еден од најголемите загадувачи со ПМ 10 честички. Втора работа за која десет, дванаесет години никој не реагира во Македонија, Македонија поради популистички мерки, владата донесе мерки да се увезуваат возила постари од 10 години со многу ниски еко стандарди. Куманово е град, кој во некој урбан профил, профилиран од соц-реализмот, со улици кои што се урбанизирани во тој период и град кој може да прими десетина илјади возила. Куманово е административниот центар за Липково, за Старо Нагоричане, па и дел од североисточниот регион, а Куманово има 40 илјади возила.

Се добива впечаток дека сета вина ја ставате врз централната власт. Што може вие како градоначалник да направите?

Не ја ставам.

Често се обвинувате со ВМРО-ДПМНЕ меѓусебно за кочење на проекти и за несоработка. Каква е вашата оценка за соработката со централната власт? Наидувате ли на проблеми во соработката?

Во овој кабинет, освен кога има воена криза или некои елементарни непогоди нема дојдено ниту еден министер, нема дојдено премиер, ниту претседател на државата. Што ви зборува тоа? Дека релацијата централна-локална власт и тоа како е исполитизирана.

Господини Дамјановски ќе се кандидирате ли за четврти мандат, со оглед на тоа што локалните избори се наскоро, напролет?

Јас никогаш не сум кажал ниту пред еден, ниту пред друг мандат, дали ќе се кандидирам или нема да се кандидирам за градоначалник. Каква е судбината на човек кој ќе оди на изборен циклус, тоа го кажува јавното мислење, значи јас не сум донел одлука врз база на субјективна перцепција. Одлуката дали ќе одам на избори или не - ќе ја дадат граѓаните. Ако граѓаните мислам така,јас ќе се понудам на партијата да бидам нивен кандидат. Односите меѓу мене и партијата се во добра кондиција, мислам дека и партијата има перцепција дека треба да има човек кој треба да победи на избори. Ако тој човек сум јас, тогаш ќе одам на избори, ако е некој друг, јас ќе бидам поддршка.

  • 16x9 Image

    Фросина Димеска

    Родена е 1980 година во Скопје. Со новинарство се занимава од 2004 година кога почнува да работи како постојан дописник на Радио Слободна Европа од Скопје.
    Во периодот од 2008 година до почетокот на 2014 година работи прво како новинар во телевизијата Алсат М а потоа во дневниот весник Нова Македонија.

XS
SM
MD
LG