Достапни линкови

Ваши коментари - поделби и провокации


Плоштадот Македонија во Скопје. СЈО одзеде документи од Државниот архив кои се однесуваат на проектот „Скопје 2014“.
Плоштадот Македонија во Скопје. СЈО одзеде документи од Државниот архив кои се однесуваат на проектот „Скопје 2014“.

Која држава повеќе се „борела“ за малцинските права? Дали СЈО е во право и за што троши пари? Поддршка за една или за друга партија во дијалогот за составување влада. Коментарите на читателите поделени за речиси сите теми.

Албанија не се меша во внатрешните работи на Македонија, туку има уставна обврска да се грижи за своите сонародници надвор од територијата на земјата – вака, покрај другото, вели албанскиот амбасадор во РМ, Фатос Река во неделното интервју за РСЕ. Токму овој исказ на Река го предизвикало Драган Маркоски да коментира на нашата Фејсбук страница:„... Албанија треба да се погрижи и за малцинските права на Македонците и на другите етнички заедници во Албанија... “ Лека Имадхи му реплицира дека две илјади Македонци во Албанија не се исто што и, според него, 650 илјади Албанци во Македонија, па следуваат реплики со навреди и со говор на омраза, со мешање на Косово и Србија, Русија па дури и Кина, за потоа Ристовски Горан да постира:

„Не се навредувајте, бре, луѓе... Соживот светски ни треба, а вие се мразите едни со други. Утре некој ќе го наполни џебот и ќе си свирка како во 2001-та, а ние пак ќе треба да се сретнеме, дали за работа, дали на плажа... “

По информацијата дека СЈО одзело документи од Државниот архив кои се однесувале на проектот „Скопје 2014“, на Фејсбук страницата се разврзала дискусија и за работата на СЈО, па колку пари потрошило, а ништо не сработило, со прилично недоличен речник, па Младен Марковиќ коментира: „Што сте се фатиле за тие четири милиони и за отчетот, дали Зврле даде отчет колку пари се потрошени што е сработено и колку невини луѓе отераа во затвор само затоа што не мислат како водачот...“

Околу „дијалогот“ помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ сведен на „не преговараме за промена на Уставот“ и „ДУИ бара рационални, а не емотивни проценки“, Харун Ватиќ напишал: „Граѓанска Македонија каде што етникуми односно нации воопшто не играат улога и немаат никаква функција не им одговараат на Никола и Али затоа што тие владеат на таа карта и понекогаш ја преминуваат границата во национализам!“

По нашата анализа дали двата досегашни коалициони партнера „играат“ на нови избори, има доста позитивни постови за ВМРО-ДПМНЕ, но од фанови Албанци и Македонци коментари со поддршка за Заев и за СЈО. Драган Тодоровиќ смета дека СДСМ има „прпа од нови избори затоа што ВМРО сигурно ќе има 63+ пратеници“, а Берканд Ахмет му се обраќа: „Немој бе господине Драган да спаѓаш на толку мизерно ниво, немој да браниш криминал и корупција. За разлика од тебе Албанците покажаа многу поголема свест за правда, правна држава, соживот и морал“. Дени Владиков апелира до граѓаните: „Абе, живејте го животот, никој нема во гробот да однесе ништо... прекинете еднаш со тие поделби и верски провокации. Политиката е за тоа наменета да има омраза меѓу луѓето...“

  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG