Достапни линкови

Трамп - Доста со обвинувањата за руското мешање во изборите


Трамп и новите санкции на САД врз Русија
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:17 0:00

Трамп и новите санкции на САД врз Русија

Избраниот американски претседател Доналд Трамп оцени дека е време земјата да оди натаму откако Белата куќа воведе нови санкции врз Русија за мешање во ноемвриските претседателски избори. Претседателот Барак Обама потпиша декрет со кој, меѓу другото, се протеруваат 35 руски дипломати од Соединетите Држави.

„Време е нашата земја да оди натаму кон поголеми и подобри работи“, вели Трамп, што според некои оценки, индицира дека тој за прв пат ги зема како сериозни обвинувањата за руското мешање што е документирано од американските разузнавачки служби.

„Во интерес на нашата земја и нашиот голем народ јас ќе се сретнам со лидерите на разузнавачката заедница во идната недела за да бидам дополнително запознат со оваа ситуација“, наведува Трамп.

Тој, пак според Белата куќа, претходно бил запознат со одлуката на претседателот во заминување Барак Обама.

Вчера Обама нареди низа мерки: од протерување на 35 руски дипломати до санкции против руските безбедносни служби.

Дипломатите се прогласени за „персона нон грата“ поради повреда на правилата на дипломатското однесување.

Даден им е рок од 72 часа заедно со семејствата да ја напуштат земјата.

Исто така руските државјани веќе ќе немаат пристап до зградите во сопственост на руската влада во Мериленд и Њујорк.

Претседателите на САД и на Русија Барак Обама и Владимир Путин, Њујорк, сепетмври 2016.
Претседателите на САД и на Русија Барак Обама и Владимир Путин, Њујорк, сепетмври 2016.

Вашингтон смета дека хакирањето, а потоа и објавувањето мејлови на Демократската партија било директно наредено од руските власти.

Американските разузнавачки служби утврдиле дека цел на Русија била да му помогне на републиканскиот кандидат Доналд Трамп да победи на изборите, што Трамп го оцени како смешно.

Обама во соопштението наведува дека тоа не значи и крај на воведувањето санкции и оти САД ќе преземат и некои акции кои нема да и бидат соопштени на јавноста.

Тој додава дека сите Американци би требало да бидат претпазливи поради дејствувањето на Москва и оти таквите акции нема да останат без последици.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изрази жалење поради новите американски санкции и најави контрамерки.

Според него, санкциите ја покажувале „непредвидливоста на надворешната политика на претседателот во заминување Барак Обама“.

Песков додаде дека санкциите имале за цел да и нанесат штета на надворешната политика на идниот претседател Доналд Трамп.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG