Достапни линкови

Европратениците очекуваат фер и транспарентни избори


Европратениците Иво Вајлг, Кнут Флекенштајн и Едуард Кукан на прес конференција во Скопје.
Европратениците Иво Вајлг, Кнут Флекенштајн и Едуард Кукан на прес конференција во Скопје.

Европската тројка се надева дека изборите ќе бидат почеток на едно ново време за Македонија. А по изборите очекуваат продолжување на реформите дефинирани во пржинскиот договор.

Политичките партии во земјата покажуваат дека се подготвени за фер и транспарентна изборна трка и дека изборите ќе се одржат во атмосфера на доверба и транспарентност. Ова е заедничкиот впечаток на пратениците Иво Вајгл, Кнут Флекенштајн и Едуард Кукан од Европскиот парламент. Тројката европски пратеници дојдоа во Скопје за ја скенираат политичката клима пред претстојните избори на 11 декември.

„Очигледно е дека сите партии се оптимисти во однос на очекувањата од изборите, посебно сме задоволни што чувме дека има дух на соработка меѓу двете најголеми партии и нивните лидери, со цел да се избегнуваат конфликти и инциденти за време на кампањата. Имаме добри причини за да веруваме дека изборите ќе бидат фер и транспарентни и ќе бидат почеток на едно ново време за Македонија“, рече известувачот за напредокот во Македонија во ЕП,Вајгл.

Тој додаде дека откако ќе се признаат резултатите од изборите, треба да следи процес на продолжување на реформите дефинирани во договорот од Пржино.

Неговиот колега Кнук Флекеншајн изјави дека е импресиониран од тоа како набљудувачката мисија на ОДИХР е подготвена за мониторинг на изборите.

„Мислам дека и поради ОДИХР, но и покрај сите други набљудувачки тимови од многу организации од граѓанското општество, овие ќе бидат навистина избори на тајно гласање и се надеваме дека многу Македонци ќе излезат на гласање,“ рече Флекенштајн.

Европратениците веруваат во фер избори
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:04 0:00

Тројцата од нас кои имаа некаков придонес за промена на политичката ситуација во вашата земја, се надеваме дека изјавите од сите страни кои засега се добри, ќе останат такви, рече пратеникот Едуард Кукан.

„Се надеваме дека ќе остане така, дека ќе имате кредибилни избори прифатени и признаени од сите политичките играчи и дека новата влада веднаш ќе започне со спроведување на итните приоритети, бидејќи тоа е најдобриот начин да докажете дека сте навистина посветени кон европската интеграција и дека најпосле вашата земја ќе почне да се движи кон таа насока,“ порача Кукан.

Делегацијата на Европскиот парламент оствари средби со политичките лидери во земјата, со претставници на граѓанското општетсво, но и со Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева. Тие ја повторија нивната поддршка кон работата на Специјалното јавно обвинителство, нагласувајќи дека на СЈО не треба да се гледа како на страна во изборниот процес, ниту пред, ниту после изборите.


  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG