Достапни линкови

Администрацијата се крена против лошите закони


Протести на судската администрација
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:09 0:00

Протести на судската администрација

Стотици вработени во судовите и во јавната администрација преку протест бараат повисоки плати, смена на работното време и да не се казнуваат и оценуваат вработените во администрацијата.

Со плата од 12 илјади денари не се врзува крај со крај, вели курир вработен во Судот во Тетово. Тој е еден од стотиците луѓе кои денеска протестираа по улиците на Скопје.

Земам палата од 12 илјади денари, а 35 години работам во Основен Суд во Тетово. А и работното време, од 8 и 30 почнуваме до 17 часот, до мрак, немаш време да си купиш нешто, од работа право дома си одиме.
Изјава на курир од Тетово.

„Земам палата од 12 илјади денари, а 35 години работам во Основен Суд во Тетово. А и работното време, од 8 и 30 почнуваме до 17 часот, до мрак, немаш време да си купиш нешто, од работа право дома си одиме.“

Вработени во судовите и во јавната администрација кои се членови на Синдикатот на работници во управата и правосудните органи по неколкудневен штрајк излегоа на протест. Тие се незадоволни од ниските плати и работното време, а бараат и повлекување на Законот за судска служба и административни службеници во кој е предвидено оценување и казнување на вработените.

Проблеми имаат, држат транспаренти во раце но речиси никој од присутните на протестот не сакаше да каже зошто денеска излегле на улица и што всушност им пречи и за изјави го посочуваат претседателот на Синдикатот.

„Не, не, не јас, прашајте некој друг.“

„Не можам ништо да кажам, не знам, не можам ништо.“

„Вака излегува оти не знаме зошто протестираме.“

„Кај ме најде мене, некој друг побарај“, рекоа дел од запрашаните демонстранти.

Курирот од Тетово вели дека не треба да се плашат оти протестираат за своите права.

„Се плашат сигурно, не нема што да се плашат оти си го бараш своето право, работиме чесно и си го бараме тоа што ни следува.“

Негов колега, курир во суд во Скопје, исто така вели дека платите им се мали.

„Јас сум курир во Скопје, работам во многу села и до таму одам со сопствено возило и вршам достава, а плата 15 илјади, кај може да се опстане до толкава плата?“

Претседателот на Синдикатот Пеце Грујовски рече дека е срамно што власта не ги признава своите грешки и не ги повлекува спорните одлуки.

Протестот го поддржаа и потписниците на „Повелбата за солидарност“, други синдикати и здруженија за социјални права.

  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG