Достапни линкови

Нема измени во концептот на екстерно тестирање


Архивска фотографија.
Архивска фотографија.

Поради одложувањето на најавениот нов модел на екстерно тестирање, останува незадоволството и кај професорите и кај матурантите.

И покрај најавите дека матурантите кои ќе полагаат во јануари ќе бидат првите што ќе се оценуваат според новиот модел, нема измени во концептот на екстерно тестирање. Наставниците и средношколците не се изненадени, но остануваат незадоволни како и минатата година, бидејки постојниот модел е полн со нелогичности и пропусти.

Начинот на екстерно тестирање сè уште е ист. Матурантите ќе полагаат, тоа е тоа. Не верувам дека нешто многу ќе ги сменат прашањата. Пак е истиот материјал и истиот начин на тестирање. Така што сè уште ќе постои незадоволство сè додека или не го сменат или не го тргнат комплетно екстерното.
Ана Марија Милојевиќ, матурантка.

Новиот концепт на екстерно тестирање требаше да ги вклучи забелешките на кои укажавме минатата година и да ги отстрани согледаните грешки во прашањата, но ништо од тоа не е сторено, вели Владо Димовски.

„Прашањата се истите како изминатите години. Грешките не се поправени. Истите грешки остануваат во делот на дадено прашање без понудени одговори, искривоколчени прашања, повторувања на прашања. А, за новите не знам сè уште не сум ги погледнал“, вели тој.

Поради одложувањето на најавениот нов модел на екстерно тестирање, останува незадоволството и кај матурантите. Нивните забелешки минатата година се однесуваа и на тоа дека материјалот се учи напамет и дека одличните ученици добиваат пониски оценки и обратно, тие што имаат двојки се случува да имаат петка. Во прашање се набрзина направени реформи во образованието кои не обезбедуваат квалитет, коментираат матурантите.

„Начинот на екстерно тестирање сè уште е ист. Матурантите ќе полагаат, тоа е тоа. Не верувам дека нешто многу ќе ги сменат прашањата. Пак е истиот материјал и истиот начин на тестирање. Така што сè уште ќе постои незадоволство сè додека или не го сменат или не го тргнат комплетно екстерното“, вели матурантката Ана Марија Милојевиќ.

Деновиве и министерот за образование Абдулаќим Адеми изјави дека во јануари матурантите ќе полагаат екстерно тестирање по стариот концепт, бидејќи не успеале да го сменат.

„Ние кажавме ама не успеавме да го смениме концептот, ќе остане стариот. Во јануари матурантите ќе полагаат екстерно, а бидејќи сите ученици треба да полагаат според истиот концепт, не очекувам измени во моделот, иако имаме веќе почнато со активности за нов“, рече Адеми.

Екстерното тестирање минатата година беше причина за масовни протести, но владата остана на ставот дека нема да се откаже од него. Годинава, објавениот базен со прашања содржи повеќе од 85 илјади прашања, а 20 проценти од нив се нови прашања. Државниот испитен центар ги повика учениците, професорите и родителите во следните две недели да се вклучат во проверка на прашањата.

  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG