Достапни линкови

Средношколски марш – Лошите образовни реформи нè бркаат во странство


Средношколски марш – Лошите образовни реформи нè бркаат од земјава
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:47 0:00

Средношколски марш – Лошите образовни реформи нè бркаат од земјава

Средношколците се пожалија дека имале притисоци и закани да не присуствуваат на маршот, но сметаат дека имаат право и обврска да се борат против, како што велат, експериментите во средното образование. Според нив лошите реформи во образованието се една од причините за иселувањето на младите од Македонија.

Со извици „Нема да ви помине“, „Нема правда, нема мир“, „Доста беше молк“, „Екстерно за владата“ и звуци на сирената за тревога, неколку стотини средношколци, во организација на Средношколскиот пленум, денеска излегоа на марш на улиците на Скопје. Маршот под мотото „Борбата продолжува“ почна пред фонтаната во Градскиот парк, а заврши пред Министерството за образование и наука, за, како што рекоа, да го потсетат министерот дека треба да го слушне нивниот глас.

Екстерното тестирање и новиот концепт на државна матура на никаков начин не го подобруваат образованието, само го уназадуваат.
Андреј Битраков, средношколец.

Средношколците се пожалија дека имале притисоци и закани да не присуствуваат на маршот, но сметаат дека имаат право и обврска да се борат против, како што велат, експериментите во средното образование. Дел од средношколците рекоа дека нивните другари од гимназијата „Јосип Броз Тито“ биле заклучени во училиштето за да не дојдат на маршот.

Средношколците бараат коренити промени што ќе го подобрат образованието. Еден од учесниците на протестот, Андреј Битраков, вели дека бараат укинување на екстерното тестирање, државната матура да се полага следните четири години по стариот концепт, и да бидат рамноправно вклучени ако се носи нов концепт на полагање матура.

„Докажано е, преку многу страни и аргументации, дека екстерното тестирање и новиот концепт на државна матура на никаков начин не го подобруваат образованието, само го уназадуваат. Од причина што да речеме, конкретно за екстерното тестирање, тоа не се користи за прави цели како што би била компаративна анализа, туку се користи за тестирање на наставници и заплашување на ученици.“

Средношколецот Никола Крстевски, пак, рече дека лошите реформи во образованието се една од причините за иселувањето на младите од Македонија.

„Ве сметам за директно одговорен за сите мои пријатели и познаници која ја напуштија Македонија. Тие со себе го понесоа и својот потенцијал и својата креативност да служи на туѓа тактовина, на туѓо општество.“

На протестот пред Министерството за образование се обрати и професорот Душко Стојановски од гимназијата Орце Николов. Тој рече дека во изминатите денови училиштата биле сардисани од инспекциски служби, за да се спречи маршот.

„Заканите кога-тогаш ќе доведат до револт којшто ќе биде противодговор што е лош, а зошто да одиме кон такви противодговори, кога можеми низ разговор тие работи да ги решиме.“

На почетокот на протестот дојде и независната пратничка Солза Грчева, за, како што рече, да ги охрабри средношколците. Таа потсети дека студентите, тукму на ваков начин, со протести, успеаја да издејствуваат одложување на Законот за високо образование.

Протестите на средношколците против новиот концепт на полагање матура и екстерното тестирање почнаа во март годинава, охрабрени од успехот на студентските протести. Потоа, тие ја бојкотираа наставата, а во април почнаа и да кампуваат во паркот пред Министерството за образование. На крај Министерството делумно попушти и матурантите полагаа по стариот концепт, но од годинава го воведува новиот концепт на матура.

  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG