И покрај трите марша, бојкотот, кампот и сите активности што ги спровeдуваат средношколците и наставниците, надлежните не се предомислија да ги прифатат нивните аргументи за апсурдноста на екстерното оценување и оти учениците не може да се оценат со тест од 30 прашања.
Се што се напарвило во текот на цела година треба да се пренесе во тие 30 прашања што претставува доста голем стрес, пред сѐ за тие што се одлични ученици.Александар Горѓевски, Средношколски пленум.
Во коментар за овој најдолго оспоруван проект, за кој средношколците велат, дека надлежните го спроведуваат за да им покажатдека може да бидат заплашени, средношколците го обвинија министерството дека им создава стрес.
Денешниот почеток на екстерното тестирање е очекуван развој на настаните до кои дојде по игнорантскиот однос на министерството кое не прифати натамошни средби со Средношколскиот и Наставничкиот пленум, вели Александар Горѓевски од Средношколскиот пленум.
Можеби намерата на министерството е добра, но така е насочена што нема ниту една добра околност околу екстерното тестирање. Одговорите може да ги најдат на интернет, а и самите ученици си отвораат страни на кои може да се најдат одговорите.Илчо Ацевски, Наставнички пленум.
„Сѐ што се направило во текот на цела година треба да се пренесе во тие 30 прашања што претставува доста голем стрес, пред сѐ за тие што се одлични ученици.“
Тоа што досега немаше договор, според наставниците е поради целосна рамнодушност на министерството кон аргументите и на наставниците дека оценувањето е еден сериозен и континуиран процес кој трае цела учебна година. Според Илчо Ацевски од Наставничкиот пленум учениците сами може да согледаат колку може да се обезбеди квалитет кога прашањата им се однапред познати и се достапни на социјалните мрежи.
„Можеби намерата на министерството е добра, но така е насочена што нема ниту една добра околност околу екстерното тестирање. Одговорите може да ги најдат на интернет, а и самите ученици си отвораат страни на кои може да се најдат одговорите“, вели наставникот Ацевски.
Владо Димовски од Наставничкиот пленум ги критикува надлежните дека повторно има проблеми, дека час и половина ги данлодирале прашањата од интренет и екстерното тестирање во некои средини почнало со еден час задоцнување.
„Во оние училишта каде предавам јас дел од опремата не е исправна, интернетот е слаб, струјата е слаба“, вели Димовски.
Инаку, според, надлежните екстерното тестирање треба да обезбеди поголема објективност во учењето, оценувањето и во начинот на којшто се верификуваат знаењата на учениците. Меѓутоа екстерното тестирање кое трае до 10- ти јуни се спроведува во услови на растечко сомневање за способноста на министерството да обзебеди квалитет во вистинската проценка за знањето на учениците. Како доказ колку министерството силно се бори да го спроведе овој свој проект зборува и начинот на кој се поставува крајниот рок до кога треба да заврши тестирањето.
„Не смее да се отсуствува. Кажано е исто така дека ако се доаѓа во вториот рок во август ќе има тестатори кои се построги и нема да имаат разбирање итн.“, вели Горѓевски.