Расте незадоволството и кај наставниците и кај средношколците, кои веќе петта недела ја бојкотираат наставата и втора недела се под шатори. Тие дополнително размислуваат како ќе се полага матура, а моменталниот исход од преговорите е полагање на државна матура по стариот концепт само оваа година и продолжување на екстерното тестирање, што не е прифатливо за средношколците, кои загубија од својата настава веќе еден месец.
Претставниците на власта не сакаат да дискутираат на тема екстерно, не сакаат ниту да чујат за тоа, по наше речено. Тоа е мислам еден неприфатлив однос.Ѓорги Ставриќ, Средношколски пленум.
Средношколците остануваат јасни во ставот дека ќе продолжат со бојкотот на наставата, укажувајќи дека на последната средба од преговорите со Министерството не бил постигнат никаков договор.
„Претставниците на власта не сакаат да дискутираат на тема екстерно, не сакаат ниту да чујат за тоа, по наше речено. Тоа е мислам еден неприфатлив однос“, изјави средношколецот Ѓорги Ставриќ.
Постојано им прават притисоци на децата и постојано се одржуваат родителски средби и вчера имаше родителска средба, за да им направат притисок и да се потпишат изјавите за матурата, меѓутоа децата стојат цврсто на ставот дека не отстапуваат од барањата. Ние исто така како родители стоиме зад нив.Габриела Точко, Родителски пленум.
Средношколците, но и неколку родители кои ги поддржуваат, истакнуваат дека се свесни оти ги чека матура од која зависи успехот на факултет, но дека најважно е да се најде вистинско решение, поради тоа што проблемот е во тоа што битката се уште не е издејствувана.
Од Родителскиот пленум велат дека ги поддржуваат средношколците да одат докрај за да им се остварат нивите барања за поквалитетно образование.
„Постојано им прават притисоци на децата и постојано се одржуваат родителски средби и вчера имаше родителска средба, за да им направат притисок и да се потпишат изјавите за матурата, меѓутоа децата стојат цврсто на ставот дека не отстапуваат од барањата. Ние исто така како родители стоиме зад нив“, изјави Габриела Точко од Родителскиот пленум.
Основната причина, според професорите, поради која не успеаа да се доближат ставовите на учениците и надлежните е во отсуството на дијалог кој подразбира соработка. Учениците безуспешно се обидуваат да кажат дека со оценката од екстерен тест во свидетелство се оштетени и дека во ниту еден образовен систем не постои таков начин на вреднување на успехот на учениците, вели Горица Иловска, професор во средно училиште во Скопје.
„Децата се исплашени, матурантите и покрај тоа што протестираат и не треба да се дозволи тие да бидат оние кои што ќе ги сносат негативните последици. А замислете проблем е за да тече матурата и да се одржи
нормално само да се исклучи математиката како проблем, и нормално да се исклучи екстерното, односно нивните оцени кои се добиени на 50 отсто од материјалот“, вели професор Илиоска.
Надлежните засега и натаму остануваат на ставот годинава дека ќе продолжи примената на стариот модел за државна матура и оти предметот математика ќе биде алтернативен за сите ученици, додека за екстерното тестирање, во следните денови ќе биде објавен и јавниот базен со прашања по сите предмети за оваа учебна година.