Достапни линкови

Средношколски протест


Средношколците протестираат во Скопје против екстерното тестирање и државната матура. Решени се да истраат во битката.

Средношколците денеска со марш низ скопските улици, под мотото „Борбата продолжува“ протестираат против, како што наведуваат, лошите реформи во образованието.

Маршот почна кај фонтаната во Градскиот парк, а ќе заврши пред Министерството за образование и наука.

Средношколците го започнаа маршот против „лошите реформи.“
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:16 0:00

Учениците преку маршот ги повторуваат барањата за укинување на екстерното тестирање, а нивниот Средношколски пленум да биде рамноправно вклучен доколку се изготвува нов концепт за полагање државна матура, и за какви било промени поврзани со средношколското образование.

Од Пленумот ги повикаа сите граѓани да им се приклучат на протестот и истовремено потенцираат дека станува збор за мирен марш на кој се забранува секакво насилно однесување, говор на омраза, истакнување партиски или религиозни симболи.

Од средношколскиот пленум најавија дека доколку не им бидат исполнети барањата ќе ги радикализираат протестите.

XS
SM
MD
LG