Во интерес на ВМРО ДПМНЕ и на државата е да се спроведе Договорот од Пржино, порача денеска премиерот Никола Груевски. Работните групи, како што наведе се во постојана комуникација со белгискиот експерт Питер Ванхауте, кој е вклучен во преговорите.
„Наш интерес и интерес на државата е да има спроведување на договорот и ние сме многу посветени на тоа колку што е можно побргу да се случи“, изјави премиерот Груевски.
Во врска со вчерашната заедничка изјава на амбасадорите во Македонија, Груевски посочи дека го поддржува нивниот ангажман за олеснување и помагање на преговорите.
Амбасадорите од САД, ЕУ, Германија, Франција, Велика Британија и Италија, вчера, преку заедничко соопштение што го прочитаа пред владата во Скопје, побараа од владејачката ВМРО-ДПМНЕ „да демонстрира посветеност и да го спроведе договорот од Пржино на конструктивен и итен начин и со добра волја“.
Наш интерес и интерес на државата е да има спроведување на договорот и ние сме многу посветени на тоа колку што е можно побргу да се случи.Никола Груевски, премиер на РМ.
Груевски за неговиот коментар на социјалната мрежа Твитер рече дека е само потврда на реалноста дека на изборите во април ќе одлучуваат граѓаните и не е во коализија со она што го прават претставниците на меѓународната заедница да и помогнат на Македонија за побрзо да се надмине сегашната ситуација во преговорите.
Прашан за текот на преговорите на работните групи, Груевски рече дека за тоа ќе се изјаснат на преговарачката маса и најави оти кога ќе завршат ќе ги објаснат сите нивни ставови.
Тој одговарајќи на новинарски прашања по прес-конференцијата во Владата за последниот извештај на Дуинг бизнис на Светска Банка за 2016 година ги негираше и шпекулациите за наводно организирање јавни собири од страна на ВМРОДПМНЕ и никогаш не помислиле за спроведување на некакво крваво сценарио.
Министерот за финансии Зоран Ставрески пак рече дека е во интерес на сите да се обезбеди непречена работа на Специјалното обвинителство, вклучително и обезбедувањето финансиски средства за реализација на планот на работа. Според него, средствата се обезбедени и очекува Владата на следната седница да даде поддршка.