Бурна дискусија се разви во битолскиот совет околу состојбите во образованието. Опозицијата обвини за превработеност со партиски кадри и прикажување на фиктивни часови за да се дојде до решение за работа.
Има ситуација во училиште каде наставник по техничко образование со неопределено работно време добива дел од часовите, се вработува наставник со определено работно време, зема дел од часовите по техничко образование, а оној со неопределено остатокот од работното време го обавува со активности во библиотека, во училиште каде по систематизација има двајца библиотекари.Наташа Петровска, советничка од СДСМ во Советот на Општина Битола.
„Имате четворица сменоводители во училиште каде има директор, еден заменик директор со цело работно места, еден заменик директор со половина работно време и четворица сменоводители. Јас не знам што прават во училиштето. Имаме професор кој останува со недостиг на часови по македонски јазик, а му даваат пет часа да надополни како сменоводител. Значи, зборуваме за фиктивни часови“, изјави Наташа Петровска, советничка од СДСМ.
Таа вели дека практичната настава се дели во групи од по тројца или четворица ученици за да се исполни фондот на часови.
„Има ситуација во училиште каде наставник по техничко образование со неопределено работно време добива дел од часовите, се вработува наставник со определено работно време, зема дел од часовите по техничко образование, а оној со неопределено остатокот од работното време го обавува со активности во библиотека, во училиште каде по систематизација има двајца библиотекари. И тука е работата луѓе полна, веќе нема место“, рече Петровска.
Од советничкото мнозинство на чело со ВМРО-ДПМНЕ обвинија дека советниците од опозицијата ја злоупотребиле својата функција и ги испитувале директорите на училиштата за вработениот кадар.
„Претставниците од опозицијата буквално училиште по училиште, испитувајќи ги како на испитна клупа на специјален обвинител, ги прашуваа директорите колку вработени имаат, кој вработен со каков договор е, колку часови има, колку бројот стручните служби. Прашањето и стравот кај директорите и вработените во училиштата е – се подготвувате да јадете живи луѓе? Затоа правите попис на вработените во образование како божем ќе победите, па барате празни места во училиштата“, рече Благоја Шаклевски од ВМРО-ДПМНЕ.
„Нашите дискусии нема да речат дека има пренатрупаност на наставниот кадар, туку дека оваа влада успешно се справува со невработената, со бројка која за првпат во годините наназад носи рекордни шест цифри“, рече советничката Виолета Ковачевиќ од ВМРО-ДПМНЕ.