Достапни линкови

Кој добил пари за бизнис, треба да даде поддршка за избори


Борче Корлевски, СДСМ од Битола.
Борче Корлевски, СДСМ од Битола.

Прво им дале пари за бизнис, а сега бараат од нив да гласаат за ВМРО-ДПМНЕ, обвини СДСМ од Битола. Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека ова е начин за комуникација со членството која СДСМ не може да ја разбере.

Партиски писма напишани од ВМРО-ДПМНЕ деновиве пристигнале до малостопанственици кои што добиле неповратна финансиска помош за отворање мали бизниси за самовработување, преку проект на УНДП и Агенцијата за вработување, обвини СДСМ од Битола.
ВМРО-ДПМНЕ сега пред избори без срам и перде популистички се додворува и моли за гласови кај оние на кои на суров начин им го зеде сонот и егзистенцијата“, обвини Коревски.
Борче Коревски, СДСМ-Битола.


Според опозицијата, во писмата пишува дека партијата ги охрабрува и поттикнува да продолжат да работат, но ги повикува да ја дадат довербата за ВМРО-ДПМНЕ. Борче Корлевски од општинската организација на СДСМ од Битола вели дека ова е уште еден доказ за партизација на државните институции и притисок врз стопанствениците за престојните избори.
Елена Трајчевска, ВМРО-ДПМНЕ-Битола.
Елена Трајчевска, ВМРО-ДПМНЕ-Битола.


„Кој и од каде ги добил податоците за овие луѓе, за да може да испраќаат партиски писма? Зошто вакви писма не испраќа Агенцијата за вработување, туку владеачката ВМРО-ДПМНЕ. Ова е уште еден доказ за спрегата меѓу државните институции и партијата на власт. Да не беше трагично, ќе беше смешно. ВМРО-ДПМНЕ кои во изминатите неколку години направија вистински масакр со
На СДСМ им пречи што ВМРО-ДПМНЕ комуницира со своите гласачи, кои пак, многу добро знаат кој, како и колку многу работи за подобар живот на сите.
Елена Трајчевска, ВМРО-ДПМНЕ-Битола.
енормно високите казни, ги сотреа дуќанџиите, ги доведоа до питачки стап, сега пред избори без срам и перде популистички се додворува и моли за гласови кај оние на кои на суров начин им го зеде сонот и егзистенцијата“, обвини Коревски.

Преку самовработување се отворени 5.835 нови работни места, 1.500 нови претприемачи помлади од 27 години, 120.000 нововработени и намалена стапка за невработени за над 10 проценти, ова се факти и личности кои благодарение на политиките на владеачката партија добиле можности за работа, одговори, Елена Трајчевска од ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата велат дека ова е начин за комуникација со членството која СДСМ не може да ја разбере.

„На СДСМ им пречи што ВМРО-ДПМНЕ комуницира со своите гласачи, кои пак, многу добро знаат кој, како и колку многу работи за подобар живот на сите. СДСМ не може да разбере како изгледа таа комуникација со граѓаните и цврсто изграден однос на меѓусебно партнерство взаемна почит и благодарност. Тие не можат да им пишуваат писма, прво затоа што немаат образ, втор-затоа што немаат што да им понудат. Нивниот лист е празен, ништо“, изјави Елена Трајчевска од ОК на ВМРО-ДПМНЕ-Битола.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG