Достапни линкови

Опозицијата одмара, власта носи предизборен буџет


Ребалансот на буџетот, со кој се предвидува продлабочување на дупката во државната каса, се носи во екот на летните одмори и во услови кога опозицијата не е во Парламентот.

Власта си крои предизборен буџет со цел да ги купи гласачите, велат економистите. Според нив тоа го покажува и фактот што ребалансот на буџетот се носи во екот на летните одмори и во услови кога опозицијата не е во Парламентот. Во ребалансот е предвиден раст на БДП од 3,5 отсто, а се очекува во државната каса да се соберат дополнителни 58 милиони евра, но и да се потрошат 84,6 милиони повеќе од претходно превиденото.

Ребалансoт се прави се со цел да продолжи сегашната практика да ги поткупат целните групи како корисниците на државната плата, пензионерите и итн. Тоа се оние таргет групи кои ги држат за гласање.
Џевдет Хајредини, поранешен министер за финансии.

Поранешниот заменик министер за економија Зоран Витанов вели дека власта води егоцентрична политика и буџетот го смета како своја сопственост и воопшто не земаат во предвид дека тој се полни со парите од народот.

„Тие мислат дека тоа им е дадено во наследство од нивните родители и така се однесуваат. Исклучиво за нивни лични и партиски потреби. Но, никако за потребите на граѓаните, а најмалку за потребите на стопанството. Значи ова е исклучиво предизборен и популистички ребаланс на буџетот каде што сите средства се максимално пуштени во погон да се купат гласовите на оние кои во секој случај мора да излезат на избори“, вели Витанов.

Лично сметам дека опозицијата има огромни непознавања во макроекономската политика, особено во сферата на фискалната и монетарната политика. Опозицијата е идентична бирократски, административно настроена. Таа права ја даде идејата сите граѓани да се вработат во државните институции.
Зоран Витанов, поранешен заменик министер за економија.

Поранешниот министер за финансии Џевдет Хајредини вели дека мотивите на власта се јасни и освен во 2013 не се направил ребаланс на буџетот во овој период.

„Ребалансoт се прави се со цел да продолжи сегашната практика да ги поткупат целните групи како корисниците на државната плата, пензионерите и итн. Тоа се оние таргет групи кои ги држат за гласање“, вели Хајредини.

Според Витанов, не може да се очекува од опозицијата да ја заврши работата и да се буни против носењето на ребалансoт на буџетот, бидејќи токму таа ја научила сегашната власт да ја практикува таквата политика.

„Лично сметам дека опозицијата има огромни непознавања во макроекономската политика, особено во сферата на фискалната и монетарната политика. Опозицијата е идентична бирократски, административно настроена. Таа права ја даде идејата сите граѓани да се вработат во државните институции. Тоа беше идеја и модел на СДСМ и како сега јас да очекувам дека тие ќе ми помогнат. Тие директно или индиректно може да го поддржат таквиот вид на политика и тоа е истата матрица и ист мајндсет имаат и ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ“, додава Витанов.

Хајредини смета дека не е важно дали опозицијата ќе биде присутна во Парламентот за донесувањето на ребалансoт, бидејќи праксата покажува дека тоа не би направило разлика.

  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG