Пратениците од ДУИ денеска ја напуштија Комисијата за надзор на работата на Управата за безбедност и контраразузнавање и на Агенцијата за разузнавање и нема да учествуваат во нејзината понатамошна работа.
Не само оваа седница, туку и да не се отвори и започне ниту една друга седница додека овој Парламент преку претседателот од соодветните институции, односно управата за класифицирани информации да побара образложение или да ми издадат сертификат за безбедност или сега пратениците на ДУИ ќе ја напуштат седницата.Зулуфи Адили, ДУИ.
Пратеникот на ДУИ и член на комисијата, Зулуфи Адили, побара седницата на комисијата да биде прекината додека не добие одговор од УБК за барањето за безбедносен сертификат со кој ќе му биде дозволен пристап до класифицирани документи на институцијата.
„Не само оваа седница, туку и да не се отвори и започне ниту една друга седница додека овој Парламент преку претседателот од соодветните институции, односно управата за класифицирани информации да побара образложение или да ми издадат сертификат за безбедност или сега пратениците на ДУИ ќе ја напуштат седницата“, вели Адили.
Пратеникот на ДУИ, Рафис Алити вели дека е недозволиво и по една година Адили да нема писмен одговор.
„Недовербата кон еден пратеник значи и недоверба кон тие граѓани што го изгласале и затоа велам дека пратениците треба по автоматизам да стекнат безбедносни сертификати. Не изборот да го направи некој друг, кој има право на пристап до тие информации и кој може да ги контролира овие две институции. Тогаш јасно произлегува ќе им се издадат сертификати на погодните пратеници за соодветната институција“, вели Алити.
Комотноста на УБК значи оди до таму да се стави над сè. Над сите институции во државата. Над Владата и пред сè над Парламентот. Значи не може УБК да биде над Парламентот.Роза Топузова Кареска, пратеничка.
Откако беше решено да се одржи расправата по точката на дневниот ред за работната посета на членовите на комисијата на УБК, пратениците на ДУИ ја напуштија истата. На нив им се придружи и независната пратеничка Роза Топузова Кареска, според која во случајот се видела комотноста на УБК која се става над сите институции во земјата.
„Комотноста на УБК значи оди до таму да се стави над сè. Над сите институции во државата. Над Владата и пред сè над Парламентот. Значи не може УБК да биде над Парламентот. Ако некој не исполнува услови според законот, кој исто така сметам дека час поскоро треба да претрпи измени, е должна со образложение да го даде тоа на пратениците. Пратениците се избрани од народот го претставуваат народот и УБК не може да биде, не само над Парламентот, туку и над народот на Македонија“, вели таа.
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски вели дека случајот е само едно политизирање кое има за цел да донесе ситни партиски политички поени на етничка линија.
„Посетата на УБК ќе биде не само придонес за исполнување на една од сугестиите во извештајот на Прибе, туку ќе биде и воспоставување на еден поздрав надзорен, отчетен однос помеѓу Собранието и оваа институција“, вели Милошоски.
По расправата беше донесена одлука да се оствари надзорна средба на УБК, при што дополнително ќе се утврди терминот, а ќе се побара од институцијата до комисијата да достави и извештај за нејзиното работење во минатата година.