Пред посетата на Американката Нуланд на Македонија и пред посетата на еврокомесарот Хан во вторник, фановите на Радио Слободна Европа на македонски прилично активни на нашата Фејсбук страница. Особено по реакциите на Јоханес Хан откако Заев објави дека лидерските преговори се неуспешни, а Груевски за тоа го обвини Заев.
Ах, да ни беше државата на прво место немаше да стигнеме до тука!Коментар од читател.
Дарко Костадинов резигнирано коментира: „Ах, да ни беше државата на прво место немаше да стигнеме до тука!“, а Фатмир Емрулау смета дека Хан е корумпиран политичар. Ернел Дураковски напишал дека „и Грујо и Хан се исти, овие се научени лопови да делат провизија“.
Додека не се обедини народот и сите заедно да јурнеме во промена на бизониве. Само така се вади, клин со клин.коментар од читател.
По нашиот текст „Бројките на Хан и Пешевски - не ја бива работава“ на нашата Фејсбук страница многу реакции против потпретседателот на владата, Пешевски: „Додека не се обедини народот и сите заедно да јурнеме во промена на бизониве. Само така се вади, клин со клин“. Мерсо Буро се подбива: „Ја направија државата дека има 4 милиони и замислете, тие кажуваат дека сите се вработени. До кога ќе трае ова мафијашко лудило?“ А Вецан Стојковски ја прашува власта до кога со лагите дека вработува?
„Некој треба да одговара за уништувањето на Водно“ - гласи насловот на еден наш прилог, по кој фановите се „истуриле“ со коментари. Љубомир Ачков постирал: „Истиот тој што ја продаде Македонска банка, што стави пари во џеб од Кинезите, што стави пари во џеб од автопатот. “ Чорбаџи Ербап смета дека само власта е виновна за Водно и жолтото комбе кое барало плацеви за диктаторот. „Ќе одговараат“, напишал Чорбаџи Ербап. Панде Лазаревски смета дека Водно е фавел, и дека проблемот е во идиотите што купуваат такви шугави станови. Балки Мими Боев кратко напишал: „Демократија, сувереност и нашето огледало Водно“.
Граѓаните реагираат и на купувањето на новите возови, во најголема мера негативно, но Марија Миновска постирала: „Ќе пукните од мака што се модернизира државата. Е па гледајте само коʼ сте неспособни“. Перо Маркоски само напишал: „Богами, Господ на помош нека ни е“.
За тоа дека во главниот град има сè помалку сенки на тропскиве горештини, Ванчо Вранишковски Коде му препорачува на народот да се собира под палмите што „владата ги насади“, а Иван Стојановски коментира: „Е па така, кога се сечат липи, борови и друг вид зеленило, ќе нема за сенка“.