Достапни линкови

Мигрантите заглавени во меѓугранична зона


Мигранти во Грција.
Мигранти во Грција.

Невладините организации посочуваат дека стотици мигранти се заглавени во меѓуграничната зона со Грција.

Мигрантите се заглавени во меѓуграничната зона со Грција и не им се дозволува пристап во земјава, а тие кои ќе успеат да ја преминат границата ги враќаат на територијата на јужниот сосед, велат од невладините организации кои ја следат ситуацијата на терен.

Мигрантите воопшто не можат да влезат на граничниот премин Богородица и таму да ја искажат својата намера за азил, туку се враќаат да поминуваат во меѓузоната, каде според сведочењата има околу 500-600 мигранти кои се чувани од специјалните сили на полицијата и на кои не им се дозволува да се движат кон Гевгелија.
Мерсиха Смаиловиќ, невладина организација Легис.

Собранието неодамна ги усвои измените во законот за азил со кој меѓу другото на мигрантите им се дозволува престој во Македонија од 72 часа, кој може да го искористат за транзит или за барање азил.

Мигранти во Србија.
Мигранти во Србија.

Меѓуграничните зони стануваат логори, а мигрантите кои ги среќаваме во Гевгелија се изгладнети, болни и премрзнати вели Мерсиха Смаиловиќ од невладината организација Легис.

„Мигрантите воопшто не можат да влезат на граничниот премин Богородица и таму да ја искажат својата намера за азил, туку се враќаат да поминуваат во меѓузоната, каде според сведочењата има околу 500-600 мигранти кои се чувани од специјалните сили на полицијата и на кои не им се дозволува да се движат кон Гевгелија. Вчера имавме случај кога 200 мигранти во Гевгелија се пресретнати од полицијата и повторно вратени во меѓузоната“, вели Смаиловиќ.

Сепак треба да се води сметка дека тие се движат на отворено, дека се изнемоштени и се наоѓаат во тешка финансиска ситуација и сè уште е потребна превенција и заштита на нивното движење, бидејќи се наоѓаат во доста ранлива состојба.
Соња Божиновска Петрушевска, шефица на канцеларијата на Меѓународната организација за миграции.

Шефицата на канцеларијата на Меѓународната организација за миграции, Соња Божиновска Петрушевска, во интервју за Радио Слободна Европа кое во целост ќе го објавиме в недела, вели дека измените во законот во голема мера ќе придонесат за намалување на ризиците во кои досега беа изложени мигрантите.

„Меѓутоа сепак треба да се води сметка дека тие се движат на отворено, дека се изнемоштени и се наоѓаат во тешка финансиска ситуација и сè уште е потребна превенција и заштита на нивното движење, бидејќи се наоѓаат во доста ранлива состојба“, вели Божиновска Петрушевска.

Но, според Смаиловиќ, законот воопшто не се почитува.

„Бараме законот да се имплементира и тој да функционира како што стои во самите членови, да може на пример или на граничниот премин да добијат потврда и потоа да можат слободно да го користат јавниот превоз. Значи да може на граничниот премин Богородица да влезат и да ги користат потврдите коишто се издаваат во Гевгелија и со нив или за 72 часа да ја напуштат Македонија или да бараат азил“, додава Смаиловиќ.

Според Божиновска Петрушевска, не може секоја држава самостојно да ги менаџира миграциите, туку потребна е соработка меѓу сите засегнати страни со што ќе се сподели миграцискиот товар.

  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG