Достапни линкови

Мигрантите како во притвор


Освен што правниот систем во земјата не дава гаранција за мигрантите, тие се соочуваат со нехумани услови во прифатните центри. Пренатрупан центар во Гази баба, лоши хигиенски услови, без доволна здравствена заштита, се само дел од забелешките на Народниот правобранител.

Мигрантите нелегално се држат во Прифатниот центар во Гази Баба како да се притвор во нехумани услови, а не во Шелтер центар, обвини денеска Народниот правобранител Иџет Мемети. Тој посочи дека тие се сместени во Центарот поради прекршок „нелегален влез во земјата“, за кој во закон е предвиден рок до 30 дена, а во Центарот правобранителот забележал дека некои се држат таму и до 7 месеци.

Упатив остра критика, ќе го наречам тоа како правобранител, за самоволието. Проблемот е во долгите постапки, процедури, и незаконитото работење, неажурното, неефективното работење.
Иџет Мемети, Народен правобранител.

Мемети истакна дека при нивната истрага во прифатниот центар, забележале дека нема доволно документи за тоа како биле спроведувани мигрантите пред обвинител, ниту пак каков е нивниот статус, како што вели, комуникацијата на мигрантите со институциите е многу лоша, и дека некогаш таа се одвивала надвор од законот.

Со устмена дозвола биле префрлани мигранти од еден во друг центар, а дополнително, мигрантите не се информирани каков е нивниот статус во земјава, и зошто, како што вели Мемети, беспотребно долго се држат во прифатилиште.

Прес конференција на Народниот правобранител Иџет Мемети.
Прес конференција на Народниот правобранител Иџет Мемети.

„Упатив остра критика, ќе го наречам тоа како правобранител, за самоволието. Исклучително лошата комуникација меѓу државните органи, меѓу МВР, односно Центарот, затоа што спаѓа под МВР, Обвинителство и Суд. Проблемот е во долгите постапки, процедури, и незаконитото работење, неажурното, неефективното работење“, вели Мемети.

Мемети вели дека правниот систем во земјава не дава никаква гаранција за заштита на правата на странците. Според него, проблемот е многу комплексен и затоа е потребен мултисекторски пристап.

Покрај слабото и непрофесионално справување со овој проблем, дополнително мигрантите се соочуваат со нехумани услови за престој во прифатилиштето. Од една страна Центарот е пренатрупан, неговиот капацитет брои 120 луѓе, а во него сега се сместени за 4 пати повеќе од предвиденото. Во ужасни хигиенски услови, сместени се и деца без придружба, бебиња и бремени жени, а мажите спијат на под.

„Разговаравме со голем број од мигрантите кои ги затекнавме таму, тие се жалат дека беспотрено долго престојуваат таму, се жалат на исхраната особено жените и децата, се жалат на квалитетот на здравствената заштита, има лекар, ама не може да постигне, а забележавме и појава на заразни болести. Се жалат и на односот на вработените“, рече Мемемти.

Народниот правобранител бара итно зголемување на сместувачките капацитети, како и координирано решавање на проблемот. Мемети апелира итно да се донесат законските измени кои се најавени за барателите на азил, со кои ќе им се овозможи на мигрантите за 72 часа да ја напуштат легално земјата или во Македонија да побараат азил.

Македонија пекол за мигрантите
please wait

No media source currently available

0:00 0:05:33 0:00

  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG