Достапни линкови

Летно време е вистинско за компромис?


Лето ко лето, годишни одмори и велат притисокот врз лидерите од граѓаните е помал и тоа е најдобар период за некакви политички компромиси. Така барем зборува досегашното македонско искуство.

Летото е најдоброто време за решавање на тешките прашања, токму поради тоа што луѓето се на одмор и притисокот од јавноста кон преговарачките страни е намален, вели аналитичарот Алберт Муслиу.

Сигурно дека интензитетот на реакцијата на евентуално незадоволните страни од компромисот може да биде намален. Така што летото, иако се претпоставува дека не е добро време за политика, за донесување на тешки одлуки секако е добар период.
Алберт Муслиу, политички аналитичар.

Според дел од политичките аналитичари, договор за излез од политичката криза треба да се постигне пред да почне сезоната на летните одмори, затоа што потоа никој нема да сака да разговара. Други, пак, посочуваат дека ако притисокот од меѓународната заедница продолжи, токму летните одмори се вистинско време за компромис. Впрочем, и Рамковниот договор во 2001 година беше постигнат во август, кога притисокот од јавноста е најмал.

Муслиу вели дека најголемиот притисок за излез од кризата доаѓа од граѓаните, затоа што целото општество неколку месеци е во грч.

„Сигурно дека интензитетот на реакцијата на евентуално незадоволните страни од компромисот може да биде намален. Така што летото, иако се претпоставува дека не е добро време за политика, за донесување на тешки одлуки секако е добар период“, вели тој.

Муслиу вели дека кај Албанците ситуацијата е спротивна, односно токму летно време има повеќе луѓе зашто печалбарите се враќаат дома, но посочува дека политичките партии на Албанците не се во центарот на збиднувањата на актуелната криза.

Граѓаните што ги анкетиравме за рубриката Хајд Парк во центарот на Скопје, пак, велат дека заминувањето на летен одмор воопшто не им зависи од решавањето на политичката криза – Оние што нема да одат, не одат зашто немаат пари, а оние што ќе одат, пак, велат дека во Македонија постојано има некаква криза, но тоа не значи дека животот треба да запре.

Ќе влијае ли политичката криза на летните одмори? Погледнете ја анкетета и коментирајте овде.

Хајд Парк: Ќе влијае ли политичката криза врз летните одмори?
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:55 0:00

„Ќе одиме на одмор. Политичка криза има постојано, никој не знае кога ќе биде разрешена. Ние сме слободни пензионери, така што ќе си поминеме неколку дена во Бугарија.“

Ќе одиме на одмор. Политичка криза има постојано, никој не знае кога ќе биде разрешена.
анкетиран граѓанин.

„Ќе одам на одмор, дефинитивно. Кризата ме интересира, ама веќе уплатив.“

„На одмор не одам, немам пари.“

„Ние пензионерите не одиме на одмор. Ако ни даде Грујо да одиме на бања, тогаш ќе одиме“, велат анкетираните граѓани.

Оваа година, ако не дојде до решение на политичката криза, се чини дека нема да има летување само за најревносните кампери и контра-кампери. Велат не си заминуваме додека другата страна не попушти.

„На некои ќе им зависи, ако не се реши на некои ќе им зависи. Конкретно јас нема да одам на одмор додека нема некакви резултати, но генерално има луѓе што ќе си одат на одмор.“

„Ќе доаѓаме и понатаму. И снег да падне тука ќе бидеме“, велат граѓани од двата кампа.

По големиот опозициски митинг пред владата на 17 мај, опозициски активисти поставија шатори на улицата пред владата и рекоа дека ќе останат таму до заминувањето на Никола Груевски од премиерската функција. Наредниот ден се одржа голем провладин собир пред Собранието, по што и поддржувачите на власта поставија камп во Паркот Жена-борец. Од тогаш имаше неколку средби меѓу лидерите на четирите најголеми политички партии, но, иако имаше некакво приближување на ставовите, до конечен договор за излез од кризата не дојде.

  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG