Достапни линкови

Струга и Владата во отворен конфликт


Премиерот обвинува дека Општина Струга ги кочи предвидените владини проекти во таа општина, а локалната власт вели дека тие не се виновни, а во изјавите на Груевски гледаат предизборна кампања.

Општина Струга и Владата на Македонија влегоа во отворен конфликт, откако премиерот Никола Груевски при последната посета на oхридско- струшкиот регион го обвини струшкиот градоначалник Зијадин Села дека не издавал дозвола за изградба на салата во струшкото село Лабуништа и дека Општината ја кочела нејзината изградба. Владата има изготвено проекти издвоени се средства, но реализацијата на проектот чека на градежна дозвола од Оопштината и расчистување на локацијата каде што треба да се гради, рече Груевски.

Во Лабуништа наскоро треба да започне изградбата на спортската сала. Таа ја подготвуваме подолго време од причини што немавме добра соработка со градоначалникот.
Никола Груевски, премиер на Македонија.

„Во Лабуништа наскоро треба да започне изградбата на спортската сала. Таа ја подготвуваме подолго време од причини што немавме добра соработка со градоначалникот. Тој долг период не издава градежна дозвола за изградба на таа спортска сала од за мене непознати причини. Одамна е завршен проектот, завршени се сите подготвителни работи, обезбедени се пари во буџетот, донесена е одлука на влада, но не можевме да добиеме градежна дозвола и подготовка на теренот кои беа во надлежност на градоначалникот. Од овие причини гледајќи дека не можеме да најдеме заеднички јазик со него по предлог на владата, парламентот изврши измена на законот и кога станува збор за државни проекти сега може и министерот за транспорт да издаде таква дозвола“, рече Груевски.

Зиадин Села, градоначалник на Струга.
Зиадин Села, градоначалник на Струга.

Груевски рече дека во Лабуништа била завршена изградбата и на мултуфункционалното спортско игралиште, но и оти за него општината требала да си го заврши својот дел.

Мора да објасниме дека Министерството за внатрешни работи на Никола Груевски е главниот виновник кој ја има блокирано изградбата на салата сите овие години, затоа што дел од оваа парцела беше во нејзина сопственост (според имотниот лист).
Соопштение на Општина Струга.

„Истото го завршивме и го пуштивме во употреба. Очекуваме градоначалникот да ги поврзе со струја изгралиштето за да може и во вечерните часови истото да се користи за играње на мал фудбал, баскет и други спортови“, рече Груевски.

Од Општина Струга во писмена рекација ваквата изјава ја оценија, како што велат од таму, како една од најбесрамните адресирани до Општина Струга и Градоначалникот.

„Во стилот на отворење на изборна кампања, Никола Груевски посетувајќи го регионот кој што одамна го има заборавено, обвинуваше дека спортската сала во Лабуништа не е изградена за вина на општината и нејзиниот градоначалник Зиадин Села. Мора да објасниме дека Министерството за внатрешни работи на Никола Груевски е главниот виновник кој ја има блокирано изградбата на салата сите овие години, затоа што дел од оваа парцела беше во нејзина сопственост (според имотниот лист). Иако со Одлука на Влада, истата парцела беше пренесена во сопственост на РМ, одлуката не е реализирана до денес. Општина Струга веќе 2 години постојано врши притисокврз надлежните институции, односно Министерството за внатрешни работи, Министерството за образование, Министерството за транспорт и врски и Катастарот, овој проект да заврши. Ова отворење на кампања во една населба заборавена од ВМРО и Владата, само ја покажува бесрамноста на Груевски“, велат од Општина Струга.

Од Општината уште потсетуваат дека Владата им имала одземено 1.5 милиони евра од нивниот буџет, средства предвидени за инвестиции во Општина Струга.

XS
SM
MD
LG