Пред новозакажаната средба во Скопје меѓу Заев, Груевски и првите луѓе на ДУИ и на ДПА, Али Ахмети и Мендух Тачи, некои политички аналитичари се оптимисти дека нешто сепак набрзо може да се помести во цврстите ставови на обете страни, додека некои, за волја на вистината, провладино ориентирани, сметаат дека тоа не може да се случи толку брзо.
За таканаречениот дијалог нема потреба бидејќи мириса на манипулации.Коментар на читател.
Некаде на истата линија е и Миле од Охрид кој смета дека најнапред требало да се отфрлат заканите да се наметне принципот дека на власт „може да се дојде со насилство и без избори“, како што напишал. На контра линија е Пиле кој не очекува дека техничка влада за 6 месеци може да спроведе фер и демократски избори. „Процесот на дегруевизација ќе оди многу поспоро отколку што беше груевизацијата“, смета Пиле.
Меѓународниот политички фактор бара ефикасен политички дијалог за решавање на кризата, а наш слушател потпишан со Манипуланти од Скопје коментирал по нашиот прилог дека дел од граѓаните во Македонија што бараат демократија не треба да разговараат со криминалци и диктатори. „За таканаречениот дијалог нема потреба бидејќи мириса на манипулации“, напишал. Гоце Македонски од Ресен, пак, смета дека инсистирањето на странците на ефикасен политички дијалог не е добронамерно затоа што нашите избрани политичари „пак ќе преживеат неодговорно“, напишал.
нсистирањето на странците на ефикасен политички дијалог не е добронамерно затоа што нашите избрани политичари „пак ќе преживеат неодговорно.Коментар на читател.
Потпишан со Уравниловка од Скопје коментира: „Со камповите целата работа се разводни, и она што сега се случува е некаков вид комедија. Целата јавност дозна за криминалите на власта, Груевски не го боли уво, Заев се секира што ќе речеле Албанците и така ќе се вртиме во круг до следните таканаречени избори“. По смената на кормилото на Полска по 8 години, на Менсур од Струга му оставило впечаток подавањето рака на оној што изгубил на изборите, а дека на опозицијата во земјава која губи, вели, десет години, секој ѝ е крив. И Незабеган вели „Браво за Полјациве“ но со контра став: „Сигурно не увезуваат гласачи од Украина, Германија или други земји, како што прави МВРО-ДРПМНЕ со оние од Пустец“, коментирал Незабеган.