Градските власти во Охрид се загрижени како ќе помине оваа туристичка сезона поради актуелната политичка и безбедносна криза во државата и информациите дека некои од гостите веќе ги откажале аранжманите за Охрид.
Невозможно е вакви случувања и вакви настани кои ја дестабилизираат државата да не влијаат на одлуката на гостите кои планирале да дојдат на Охридското крајбрежје.Никола Бакрачески, градоначалник на Охрид.
Охрид и Струга се пред стартот на оваа сезона за кои најавите беа премногу оптимистички со очекувања дека истата ќе биде една од најуспешните во последните неколку години. Но дел од српските и бугарските веќе го направиле тоа. Градоначалникот Никола Бакрачески вели дека таа тема била неизбежна за анализа.
„Невозможно е вакви случувања и вакви настани кои ја дестабилизираат државата да не влијаат на одлуката на гостите кои планирале да дојдат на Охридското крајбрежје било тоа да се странски гости од подалечните држави или од соседството да патуваат во Охрид. Имавме разговори со хотелиери, туристичките агенции кои имаа најавено аранжмани за Охрид. Има најави дека некои од нив би можеле во наредниот период да ги откажат аранжманите за Охрид и тоа е нешто на кое ние треба да сметаме“, рече Бакрачески.
Тоа е по објавата на официјалната веб страна на холандска амбасада за претпазливост при патување во Македонија меѓутоа се надевам дека таа информација ќе биде поскоро отстранета бидејќи не соодејствува со реалноста.Асим Меџедовиќ, сопственик на туристичка агенција.
Бакрачески се надева дека безбедносната состојба ќе се подобри и на тој начин очекуваните проекции за оваа сезона да се остварат.
Асим Меџедовиќ сопственик на Фибула Ер Травел сепак се надева дека сликата за Македонија во Европа нема негативно да се одрази врз сезоната.
„Тоа е по објавата на официјалната веб страна на холандска амбасада за претпазливост при патување во Македонија меѓутоа се надевам дека таа информација ќе биде поскоро отстранета бидејќи не соодејствува со реалноста, и се надевам дека веднаш тоа ќе допринесе да продолжи трендот на зголемување на туристи кои што ќе доаѓаат во Македонија посебно во охридско-струшкиот регион“, вели Меџедовиќ.
Неодамна во Охрид беше одржан состанок на сите надлежни институции во градот УЈП, Полиција, Пазарен инспекторат, туристички работници и други инволвирани субјекти во туризмот. Договорено е дека ќе бидат преземени сите неопходни мерки градот подготвено да ги дочека туристите и да им гарантира спокоен и безбеден одмор. Сите ќе имаат конкретни задачи со цел Охрид подготвено да ја пречека главната сезона.
„СВР Охрид ќе делува пред се превентивно, ние ќе бидеме поставени на сите позначајни места каде што имаме раздвижување и каде што во изминатите години сме бележеле одредени проблеми кои влијаеле на степенот на безбедносната состојба во градот, рече Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.