Од сите македонски зборови само еден во моментов е најбитен, е тоа е зборот дијалог, порача претседателот Ѓорѓе Иванов и ги упати политичките партии на истиот. Тој предлага лидерите на партиите да не се клеветат и проколнуваат, туку да си помагаат и да се почитуваат.
Креаторите на оваа криза, мора да понесат одговорност и сите тие да се повлечат од функциите.Демократски сојуз.
Средбата во Брисел меѓу лидерите на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА со посредство на еврокомесарот Јоханес Хан, заврши без договор.
Демократски сојуз - Одговорност од креаторите на кризата
Демократскиот сојуз повикува на разумно и одговорно однесување и на продолжување на политичкиот дијалог. Партијата предлага да се подготви системско решение за формирање за транзициска (преодна) Влада со мандат од 6-12 месеци, која ќе подготвува и спроведува парламентарните избори, независно дали се предвремени или редовни. Според нив во владата треба да се вклучи опозицијата во Парламентот и да се формира Парламентарен Комитет (или комисија), со широки овластувања.
„Тој треба да ги расчисти злоупотребите на системот за прислушување, како и содржината на прислушуваните разговори и ќе ја дефинира политичката одговорност на сите оние кои го кршат Уставот и Законот“, стои во соопштението.
Тие предлагаат и промени на политичкиот систем, посебно околу поставеноста и составот на Републичкиот судски совет и Советот на јавни обвинители, изборот на судии и јавни обвинители, министер за внатрешни работи, комисијата за спречување на корупција, како и промени за поставеноста на медиумите посебно МТВ, нивното финансирање, како и редица други промени во системот.
„Креаторите на оваа криза, мора да понесат одговорност и сите тие да се повлечат од функциите“, се наведува во соопштението на Демократскито сојуз.
По Брисел, јасно е дека пред преодната Влада претстојат огромни обврски за деконтаминација на системот за создавање минимум неопходни услови за фер и демократски избори“, се наведува во партиското соопштение.Либерална партија.
Либерална партија - Никола Груевски не сака договор
Според Либерланата партија, епилогот од Брисел уште еднаш покажа дека Никола Груевски не сака договор. Конкретно, се потврди дека Груевски не помислува да си оди од Владата која е извор на кризата, се наведува во нивното соопштение.
„Либералната партија го поддржува вчерашниот пристап на претседателот на СДСМ, Зоран Заев на преговорите во Брисел. Оттука, јасно е дека решението за преодната влада треба да се бара и надвор од сегашниот владин состав, особено вон постоечкиот состав во Владата од ВМРО-ДПМНЕ. По Брисел, јасно е дека пред преодната Влада претстојат огромни обврски за деконтаминација на системот за создавање минимум неопходни услови за фер и демократски избори“, се наведува во партиското соопштение.
Според партијата преодната Влада треба да има мандат од 12 до 18 месеци од денот на нејзиниот избор, а во меѓувреме предлагаат да се покрене независна истрага за настаните од 9 и 10 мај во Куманово, во која ќе учествуваат компетентни лица од меѓународната заедница.
Партијата го охрабрува лидерот на СДСМ да ги објави и содржините со кои располага во однос на случајот „Монструм“ и други случаи што ги допираат меѓуетничките односи. Така ќе зајакне меѓусебната доверба меѓу граѓаните Македонци и Албанци и ќе зајакне кохезијата во општеството, се наведува со соопштението.