Нов заменик премиер на предлог на опозицијата, кој ќе биде назначен веднаш и ќе биде задолжен за подготовка на априлските избори. Фатмир Бесими да биде заменик премиер задолжен за спроведување на реформите во областа вледеење на правото, опозицијата да добие четворица земеници министри во секторите финансии, внатрешни работи, земјоделство и социјална политика и Груевски да даде оставка пред априлските избори. Како што дознаваме, овие четири точки биле предмет на вчерашните дванаесетчасовни преговори во Брисел.
За првите три точки била постигната согласност меѓу двајцата лидери, но преговорите закочиле кај четвртата точка, зошто Заев барал Груевски да даде оставка веднаш, а Груевски пак сакал тоа да го направи 60 дена пред датумот на изборите.
За првите три точки била постигната согласност меѓу двајцата лидери, но преговорите закочиле кај четвртата точка, зошто Заев барал Груевски да даде оставка веднаш, а Груевски пак сакал тоа да го направи 60 дена пред датумот на изборите.
Дознаваме дека Европската унија нема да притиска лидерите повторно да седнат на маса, но според нив вратите за преговори остануваат отворени.
По вчерашните преговори од кои јавноста очекуваше некакво решение, Груевски и Заев излегоа без договор и со сосема спротивставени ставови.
Господинот Заев, ниту сакаше да постигне договор, ниту пак дојде до тоа. Затоа што тој не дојде да се договори, тој дојде да не се договори. Човекот се плаши од избори.Никола Груевски, премиер на Македонија.
„Господинот Заев, ниту сакаше да постигне договор, ниту пак дојде до тоа. Затоа што тој не дојде да се договори, тој дојде да не се договори. Човекот се плаши од избори. Тој знае дека на наредните избори ќе доживее тешко фијаско и дека ќе го доживее најтешкиот пораз на СДСМ досега во неговата историја. Ни договор сака да постигне, ни избори да има“, рече Груевски.
„Неразумно и нелогично е креаторот на кризата Никола Груевски да остане да раководи со Владата што треба да организира, подготви и спроведе предвремени избори. Груевски денеска беше подготвен сите да ги продаде, само својата кожа да не ја даде. Направи чекори кои водеа кон се, само тој да остане на чело на Владата. Ние нема да дозволиме уште едни криминални избори, Груевски да ги организира. Нашите ставови се јасни и нема пазарење со слободата и демократските вредности што ги заслушуваат македонските граѓани“, изјави Заев.
Неразумно и нелогично е креаторот на кризата Никола Груевски да остане да раководи со Владата што треба да организира, подготви и спроведе предвремени избори.Зоран Заев, СДСМ.
Со соопштение до јавноста се јави и Социјалдемократскиот сојуз. Во него се вели дека со преговорите не е задоволен условот за суштинското прашање околу отворањето на преговорите, односно организирање Влада што нема да ја предводи Груевски.
„Претседателот Заев и делегацијата на СДСМ останаа доследни на принципиелната позиција што е став и на граѓаните на Република Македонија. Нема пазарење со слободата и демократските вредности што ги заслужуваат граѓаните на Македонија, како и нивните сограѓани од Европа. Никола Груевски мора да се повлече“, се вели во соопштението од СДСМ.
Разочараност од вчерашните преговори искажа и еврокомесарот Хан, кој на својот твитер профил напиша.
„Нема конечен договор на разговорите за БЈР Македонија. Многу сум разочаран од недостатокот на одговорност и лидерство на некого. Граѓаните заслужуваат подобро: демократија, владеење на правото и европска иднина. Нема да се откажеме!“
Во писмена изјава по состанокот портпаролката на Европската комисија Маја Коцијанчич наведува дека еврокомесарот Хан се сретна со политичките лидери за продолжување на разговорите за наоѓање решение за политичката криза во земјава. Разговорите, се наведува, беа отворени и детални, но сеуште не доведоа до конечен договор.
„Европската унија ги повикува сите страни во интерес на својата земја и нејзините граѓани да се најде траен политички компромис без одложување и да се излезе со конкретни предлози за оваа цел, за дефинирање на веќе постигнатиот договор во Скопје на 2 јуни. Определбата за реформи содржани во него, на која се посветени сите партиски лидери мора да се спроведе како итно прашање. Ова е од суштинско значење за земјата да направи каков било напредок на патот кон евроатлантските интеграции. Европската комисија сега ќе разгледа како да придонесе најдобро за политичкиот процес во земјата и останува подготвена да ги олесни дискусиите“, се вели во изјавата од Коцијанчич.
Инаку на вчерашната средба во Брисел и претходеше средба во Скопје која се одржа на 2 јуни, а на која беше постигнат договор за предвремени парламентарни избори во април догодина. Покрај ова, на средбата од 2 јуни лидерите на четирите најголеми партии ставиле потис и на договорот кој меѓу другото го опфаќа следново:
-До 10 јуни партиите да се договорат за влада која ќе ги спроведе изборите, СДСМ да се врати во собранието и да претседава со парламентарната комисија која ќе ја истражува аферата со прислушувањето. Доколу комисијата даде ефект да нема натамошно објавување на прислушуваните матерјали. Во периодот од јуни до август годинава ЕУ да посредува во меѓупартискиот дијалог кој треба да доведе до договор за суштинските реформски прашања.
До 31 јули да биде модифициран составот на Државната изборна комисија , која ќе има надлежност до 30 септември 2015 година да обезбеди слободни и фер демократски избори и рамноправен терен за политички натпревар, а воедно ќе се имплементираат сите препораки на ОБСЕ-ОДИХР. Партиите се согласиле да ги преземат потребните чекори за излез од политичката криза и да дејствуваат во интерес на граѓаните, да работат на јакнење на меѓуетничките односи, целосна имплементација на Охридскиот рамковен договор, зацврстување на добрососедските односи и др.
Уште тогаш беше кажано дека се од она што е договорено на средбата во Скопје, нема да важи ако во Брисел не се постигне договор за преодна влада на која инсистира опозицијата..