Иако вчерашните разговори во Брисел на лидерската четворка со комесарот Јоханес Хан за надминување на кризата не завршија со договор, патот напред станува појасен, смета политичарот Стојан Андов. Според него важно е тоа што барањата на Груевски тој да организира избори не се прифатени.
А ќе се најде чаре наскоро како да се оди напред. Заев треба да одлучи кои ќе му бидат непосредните чекори. Меѓутоа мислам дека на овој начин е спречена катастрофа, инаку само ќе се продлабочеше кризата, ако му се прифатеа неговите барања.Стојан Андов, политичар.
„Барањата на Груевски се неприфатливи. Тој бара тој да организира избори пак. Па се разбира штом ќе ги организира и ќе ги добие како и досега. Така што добро е ова што се направи синоќа, така што излезе. А ќе се најде чаре наскоро како да се оди напред. Заев треба да одлучи кои ќе му бидат непосредните чекори. Меѓутоа мислам дека на овој начин е спречена катастрофа, инаку само ќе се продлабочеше кризата, ако му се прифатеа неговите барања“, вели Андов.
Андов го обвинува Груевски дека продложува да не се повлекува од органзирањето избори и покрај „бомбите“ на опозицијата кои, како што вели, покажаа дека медиумите и институциите, особено судството и Јавното обвинителство не се слободни. Наредните чекори за решението на кризата во Македонија, Андов ги гледа во евентуално ангажирање на претставник од САД, но дополни дека тоа треба да го бара опозицијата и невладините организации.
Веќе се најавуваат еве протестите на Беса и сите тие што ги подржуваат. Може да има и нови протести на СДСМ и на невладините организации. Па може да има и контра протести.Исмет Рамадани, политички аналитичар.
„Да очекуваме да се најде некој промислен човек и во ВМРО-ДПМНЕ па да почнат да му кажуваат дека тоа што го бара нема да го доби никогаш. Тоа е едно. А јас мислам дека ЕУ и нема некои методи како да ги реши некои работи. Кризата добива и регионално значење, особено со случајот во Куманово. За темелно да се реши кризата потребно е да се ангажираат САД“, додава Андов.
Според политичкиот аналитичар Исмет Рамадани, опозицијата треба да ги искористи сите можности во обид да го зголеми притисокот врз владата, а во исто време да ја земе предвид идејата за нови преговори за надминување на политичката криза. Тој изјави дека се создава ситуација да ескалираат протестите и проценува дека и ангажирањето на меѓународната заедница треба да биде поинтензивно, со вклучување на висок претставник на американската администрација заедно со претставниците од ЕУ..
„Веќе се најавуваат еве протестите на Беса и сите тие што ги подржуваат. Може да има и нови протести на СДСМ и на невладините организации. Па може да има и контра протести. И ако се остава работата на протести и конфликтни состојби, тогаш состојбата ќе се влоши. Но мислам дека сериозно американската администрација со Европската комисија треба да вршат притисок врз лидерите“, вели Рамадани.
Рамадани вели дека решението на кризата е во создавање нова влада која треба да подготви слободни избори во 2016 со слободни медиуми и институции.