62-годишниот Коморовски изјави дека ја почитува волјата на гласачите, додавајќи:
„Му пожелувам на мојот противкандидат успешно претседателствување“, рече тој.
Победата на 43-годишниот Дуда е прв поголем изборен успех во изминативе 10 години за опозициската конзервативна партија Право и правда која е блиска со Католичката црква.
„Дами и господа, ви благодарам за вашиот пречек. Му благодарам и на претседателот Коморовски кој ми беше противкандидат за неговите честитки до мене“, им изјави Дуда на своите приврзаници по соопштувањето на резултатите.
Коморовски за кој првично со сигурност се гледаше дека ќе остане на функцијата уште еден мандат го призна поразот без да ги дочека првичните официјални резултати.
Но, и покрај невидениот просперитет, според посматрачите, повеќето Полјаци чувствуваат дека резултатите од нивниот труд се делат неправедно што доведе до зголемување на нееднаквоста во земјата па поради тоа се желни за нови лица на врвот.
Во Полска премиерот има големи овластувања но претседателот е врховен командант на вооружените сили, има збор во надворешната политика и во одобрувањето закони и решава кој ќе биде гувернер на Централната банка.
Дуда му беше правен советник на поранешниот конзервативен претседател Лех Качински, заменик министер за правда, член на парламентот, а сега е европратеник.
Неговата победа и фрла ракавица на владејачката централно десничарска партија Граѓанска платформа.
Оваа партија во изминативе осум години раководеше со брзиот економски раст и зголемувањето на платите во најголемата економија во Источна Европа.
Но, и покрај невидениот просперитет, според посматрачите, повеќето Полјаци чувствуваат дека резултатите од нивниот труд се делат неправедно што доведе до зголемување на нееднаквоста во земјата па поради тоа се желни за нови лица на врвот.
„Длабоко верувам дека сме во состојба да го обновиме единството во нашата земја“, изјави Дуда кој најави отворени врати на неговата претседателска палата за сите граѓански иницијативи.
На меѓународната сцена Дуда се залага за поагресивна политика спрема Русија, има поскептичен однос спрема Европската унија и е за поврзување на безбедноста на Полска со Соединетите Држави.
Тој исто така се противи на можноста германски војници да престојуваат во Полска во евентуалните бази на НАТО.
На Балканот конзервативците од неговата партија се залагаат за забрзано влегување на земјите од регионот во Европската унија.
Накусо за Европа, но и за Русија победата на Анджеј Дуда е знак дека Полска врти кон национализам и евро скептицизам со закана од тензии со двете соседни земји Германија и Русија.