Полскиот претседател Бронислав Коморовски го призна поразот од неговиот ривал Анджеј Дуда на вчерашниот втор круг од претседателските избори. Дуда победи и во првиот круг на 10 мај. Ваквиот резултат ја рефлектира разочараноста на гласачите и е силна порака до сегашната полска влада.