Достапни линкови

Воени маневри на НАТО во Црно Море


Воени маневри на НАТО во Црно Море
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:39 0:00

Воени маневри на НАТО во Црно Море.

Во Црно Море почнаа воените вежби на НАТО на кои учествуваат неколку земји членки на Алијансата. Вежбите се одржуваат во водите во близина на Крим, полуостров што во март минатата година беше анектиран од Русија кога руски воени групи ја презедоа контролата од украинските војници.

Во вежбите учествуваат воени бродови од Соединетите Држави, Канада, Италија, Турција, Германија, Бугарија и Романија.

„Ние влеговме во Црно Море на 3 и 4 март и во согласност со Конвенцијата од Монтре ние треба да заминеме во рок од 21 ден и тоа ќе го направиме. Досега во Црно Море имаме забележано руски воени бродови и авиони. Тие оперираат во согласност со меѓународните норми, како и ние. Тие имаат свои планови, ние имаме наши. Сите наши вежби ќе се одвиваат или во меѓународните води или во оние што им припаѓаат на земјите сојузнички“, изјави американскиот адмирал Бред Вилијамсон на прес конференцијата на бродот Виксбург, укотвен во пристаништето во Варна.

Бугарија и Романија станаа членки на НАТО во 2004 година, а и двете земји го делат западниот брег на Црно Море во близина на Крим.

Досега во Црно Море имаме забележано руски воени бродови и авиони. Тие оперираат во согласност со меѓународните норми, како и ние. Тие имаат свои планови, ние имаме наши.
Адмирал Бред Вилијамсон.

Адмирал Вилијамсон додаде дека целта на вежбите е да се подобри комуникацијата меѓу сојузниците за секакви операции, без оглед дали станува збор за хуманитарни или не.

Обуката вклучува симулирани против воздушни и подводни воени вежби, како и симулирање напади со мали бродови.

Во минатата недела НАТО одржа маневри и во Полска.

„Две полски и една американска единица тренираа како да одбранат воена база доколку биде нападната од непријателот“, изјави американскиот полковник Џефри Хамилтон за вежбата која беше дел од пошироката операција на НАТО со цел обезбедување на регионалната сигурност во источна Европа.

Во меѓувреме, претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер изјави дека Европската унија има потреба од сопствена армија за да се соочи со заканите од Русија, како и да ја подобри надворешно политичката позиција на Унијата во светот.

Аргументирајќи дека НАТО не е доволен бидејќи не сите членки на Алијансата се и членки на Европската унија, Јункер оцени дека заедничката европска армија ќе испрати важни сигнали во светот.

„Заедничката армија ќе и покаже дека веќе никогаш нема да има војна меѓу земјите на Европската унија“, рече Јункер, додавајќи дека со сопствена армија Европа ќе може подобро да реагира доколку биде загрозен мирот на членка на Унијата или пак на земја во нејзиното соседство.

Европската унија има сили за брза реакција, но тие досега не беа употребени во некоја криза. Предлогот на Јункер беше поздравен од германската министерка за одбрана Урсула вон дер Лејен.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG