Студирањето во странство е предизвикот што повеќе матуранти во Тетово сакаат да го исполнат. Деновиве, учениците кои го прославуваат завршувањето на средното образование, на прашањето на најблиските каде ја гледаат својата иднина, го потенцираат заминувањето во друга земја поради подобра едукација како и можности за работа.
Моите интереси за продолжување на моите студии беа отсекогаш насочени во странство. Значи не земав во предвид некои од домашните приватни или државни универзитети.Игор Томески.
Игор Томески, кој посетувал приватно американско училиште смета дека и студирањето во Соединетите Американски Држави е вистинска прилика за квалитетно образование.
„Моите интереси за продолжување на моите студии беа отсекогаш насочени во странство. Значи не земав во предвид некои од домашните приватни или државни универзитети. Моите студии ќе ги продолжам во Соединетите Американски Држави на театарски студии. Скоро сите од моите врсници гледам дека се интересираат да ги продолжат студиите во странство. Колку што сум запознаен доста врсници сакаат да заминат за Германија, за Швајцарија. Има некои како мене, заинтересирани да одат во Соединетите Американски Држави“, вели Игор Томески.
Катица Мишевска која учела средно музичко се надева дека во блиско време ќе најде можност да студира во земја од Европската унија.
Планирам да одам во Словенија, но тоа ќе видам понатаму како ќе успеам со стипендија. Не е лошо и во земјава, но повеќе вратите се отворени во странство.Катица Мишевска.
„Планирам да одам во Словенија, но тоа ќе видам понатаму како ќе успеам со стипендија. Не е лошо и во земјава, но повеќе вратите се отворени во странство“, смета Катица Мишевска.
Кај дел од матурантите забележително е што сакаат да направат промена кога станува збор за студирањето за разлика од она што го избрале во средното училиште. Такви се примерите на Ана Трајковска и Ангела Наумовска.
„Се уште се двоумам, имам неколку опции, уште размислувам. Сите претежно се одлучуваат за студии во Скопје и тоа на државните факултети. Ретко оние кои се одлучуваат за приватен факултет или да останат тука во Тетово“, вели Ана Трајковска.
„Планирам да го продолжам моето образование на психологија. Тоа има големи отстапувања од тоа што сум учела средно образование бидејќи средното образование ми беше економско. А оваа професија ја одбрав и заради тоа што правев тест за кариерен развој. Тестот содржеше околу 200 прашања и врз основа на тие прашања ми испадна дека најдобро би се снашла во областа на социјалните науки“, вели Ангела Наумовска.
Оние матуранти кои се раководат според пониските трошоци се одлучуваат да студираат во родниот град на еден од двата универзитети.