Санкции и притисоци за учениците кои бојкотираат настава во средните училишта, казни за наставниците, казни за професорите, притисоци кон студентите, беа само дел од мерките коишто ги преземаа надлежните за да го задушат револтот и незадоволството во образованието од лошите реформи во изминатава година.
Законот вели – ќе се казни родителот на ученикот, а не ученикот, а притисокот се прави врз учениците.родител на средношколец.
Прво беа студентите, по нив дојдоа универзитетските професори, па свој пленум си направија и наставниците а слично постапија и средношколците. Заедно тие испраќаат една порака - образованието во Македонија не чини. Своето незадоволство и наставниот кадар и учениците и студентите го изразија на улиците и во своите училишта. Нивната масовност и покрај сите притисоци за кои дел од нив јавно говореа, укажува дека се решени да изнајдат решение за проблемите и да добијат подобро образование.
Во дел од медиумите беа објавени анонимни писма од наставници кои го опишуваат притисокот кој се врши кон наставниците и средношколците. Делење исписници, потпишување на изјави со сомнителна содржина, затворање на училишните сали, правење списоци за присуство и отсуство, закани со драконски парични казни и собирање на лични податоци за родителите со цел вршење дополнителен притисок за прекин на бојкотот на наставата, се само дел од начините на кои надлежните се обидуваат да го задушат протестот на средношколците. Во едно анонимно писмо од наставник во средно училиште објавен на интернет порталите вели дека како никогаш досега се убива средношколскиот дух за слобода и борба за своите права. Во писмото е наведено дека притисоци се вршат од сите страни, од инспекторите, директорите, заменици кои бараат списоци со отсутни ученици кои се препраќаат во министерството, до закани за казни за класните раководители кои нема да успеат да ги натераат учениците да се вратат на настава, па пораки до родителите преку учениците дека ако на посетуваат настава ќе треба да платат глоба и исмевање и оцрнување на децата кои протестираат на социјалните мрежи.
Родителите на средношколците велат дека се згрозени од обидите на директорите да извршат притисок врз учениците.
Кај нас се евидентира, се запишува, а после тоа дали ќе бидат оправдани или неоправдани, според правилникот ќе си добијат педагошки мерки.Драган Стојановиќ, директор на средно училиште во Битола.
„Законот вели – ќе се казни родителот на ученикот, а не ученикот, а притисокот се прави врз учениците.“
„Сите се обидуваат да најдат кој е најдобриот начин да им се помогне, а за да се оствари целта, а да не се изгуби од наставата, од она заради кое се дојдени на училиште“, велат родители на средношколци.
Директорот на средно училиште во Битола, Драган Стојановиќ, пак, вели дека заканите за неоправдани изостаноци не претставува притисок врз децата, туку само поттикнување на нивната одговорност.
„Кај нас се евидентира, се запишува, а после тоа дали ќе бидат оправдани или неоправдани, според правилникот ќе си добијат педагошки мерки“, вели тој.
Учениците се жалат дека за време на бојкотот на наставата најголем проблем им е притисокот кој им го вршат наставниците и директорите.
Имаме голем број професори што вршат притисок, тоа начесто се изразува во неоправдани, лоши оценки, паѓање на година и слично.Ѓорѓи Ставриќ, Средношколски пленум.
„Имаме голем број професори што вршат притисок, тоа начесто се изразува во неоправдани, лоши оценки, паѓање на година и слично“, вели средношколецот Ѓорѓи Ставриќ, дел од Средношколскиот пленум.
Неговата соученичка Теано Кардула вели дека се етикетираат ученици како предавници, соработници на политички партии, а беа фрлени и летоци во училиштата на кои се најде и нејзиното име со обвинување дека за организирање на протестот земала 10 илјади денари. Таа вели дека тоа е обид да се уплашат и замолчат средношколците.
Ние најостро го осудуваме тој начин да се замолчи секој средношколец, затоа што ние имаме право на мислење и право на здружување.Теано Кардула, Средношколски пленум.
„Ние најостро го осудуваме тој начин да се замолчи секој средношколец, затоа што ние имаме право на мислење и право на здружување“, вели средношколката Теано Кардула.
Имавме една одлука на министерот Никола Тодоров кога беше во Министерството за образование за изедначување на платите на сите наставници без разлика дали имаат завршено високо, више или средно образование, бидејќи имаме голем дел на наставници кои предаваат и со средно образование во Република Македонија. И тука веќе опадна квалитетот и интересот на оние наставници кои се со високо образование, зошто тие би се ангажирале да спроведуваат квалитетно образование која ќе земат иста плата со оние наставници кои поим немаат од образование.Владо Димовски, Наставнички пленум.
Проблемите во високото, средно и основно образование се делумно слични, од немање на техничко – материјални услови, или доволно простор за настава, потоа отсуство од опремени кабинети, библиотеки, обременети наставни планови и програми, отсуство на учебници по одделни предмети, адаптирани учебници според други предмети, лошо напишани учебници со многу грешки во преводите, или недоволно адаптирани учебници според програмите, партиски вработен кадар кој не ги исполнува сите услови за да предава. Ова се само дел од заедничките проблеми во трите сектори.
Наставникот Владо Димовски вели дека со новите измени во Законот за основно и средно образование, квалитетот на образованието е симнато за едно скалило подолу, но дополнително вели дека нема слух кај властите за да се подобри состојбата која во изминативе години континуирано се влошува. Тој истакнува дека секој министер кој доаѓа на функција си вметнува нови измени кои само ја назадуваат состојбата.
Неповолни техничко-материјални услови, отсуство од опремени кабинети, библиотеки, обременети наставни планови и програми, отсуство на учебници по одделни предмети, адаптирани учебници според други предмети, лошо адаптирани или неадаптирани. Лошо осмислен проект на екстерна проверка на знаењата на учениците, примена на уникатен модел на вреднувања и оценување на учениците, кој директно влијае на успехот на учениците.Билјана Димковска, Наставнички пленум.
„Имавме една одлука на министерот Никола Тодоров кога беше во Министерството за образование за изедначување на платите на сите наставници без разлика дали имаат завршено високо, више или средно образование, бидејќи имаме голем дел на наставници кои предаваат и со средно образование во Република Македонија. И тука веќе опадна квалитетот и интересот на оние наставници кои се со високо образование, зошто тие би се ангажирале да спроведуваат квалитетно образование која ќе земат иста плата со оние наставници кои поим немаат од образование“, вели Владо Димовски.
Тој како примери ги наведува и измените и новитетите кои се воведоа во Законот за кариерен развој, екстерното оценување кои не се спроведува во сите училишта во Македонија, затоа што приватните училишта немаат обврска да го спроведат, а да не ги спомнеме лошите услови во кои работиме, додава Димовски.
Мислам дека ништо не можеме да направиме, во овој момент, ние кога требаше да направиме, ништо не направивме. Кога беше започнато со овие реформи не ни се веруваше дека тоа е можно да се реализира и тогаш требаше да реагираме, меѓутоа имајќи предвид дека ние немам синдикат за образование, во тоа сум длабоко убедена, ние сме длабоко убедени, ние сме немоќни, затоа што не можете сами, мора да имате лидер.Горица Илиоска, наставник.
Наставничката Билјана Димковска од Наставнички пленум вели дека 22 години како работи во училиште и секојдневно се соочува со истите проблеми.
„Неповолни техничко-материјални услови, отсуство од опремени кабинети, библиотеки, обременети наставни планови и програми, отсуство на учебници по одделни предмети, адаптирани учебници според други предмети, лошо адаптирани или неадаптирани. Лошо осмислен проект на екстерна проверка на знаењата на учениците, примена на уникатен модел на вреднувања и оценување на учениците, кој директно влијае на успехот на учениците“, вели Димковска.
Таа истакнува дека проектот „Компјутер за секое дете“ е неуспешен затоа што едвај 20 проценти од компјутерите кои се поставени во училиштата работат. Во последната владина програма е напишано дека стотина училишта во земјава се реконструирани и обновени. Но, Димовски посочува дека во речиси една третина од училиштата во руралната средина нема основни услови и владее хаос.
Ние веќе одамна патиме од едно многу ограничено образование во коешто исто така се шири преку неквалитетни учебници и преку партизираност во образованието, значи вработување на наставници, учители, од партии, тоа е една од најстрашните работи што се случуваат во образованието.Румена Бужаровска, универзитетска професорка.
„Во градските училишта услови има, тука нема збор, има реновирани училници, инсталирани компјутери, но во руралните, средини училиштата се од педесеттите години на минатиот век, во некои од нив нема услови, нема санитарија, има полски вециња во 21 век, училници со табли кои се од пред 40 години, нема нагледни средства итн.“, вели таа.
Димовски тврди дека не може да се зборува за позитивни резултати од реформи и квалитетно образование, ако некои училишта и во 21 век се уште немаат струја.
Димковска додава дека наставникот под притисок се втурнува во бирократски апарат со што тој е оневозможен да ја врши квалитетно својата работа, а тоа е да поучува.
Не можеме да направиме некоја анализа за стратегија во осум години поради тоа што во овие осум години законите беа променети и тоа многу често, што јас лично, иако бев упатен и сум упатен во така наречената Стратегија за реформа во образованието.Сулејман Рушити, поранешен министер за образование.
„Единствен во свет модел на казнување на наставниците поврзан со резултатите од еден тест од триесет прашања, професионален развој на наставниците врз основа на програми од странство, кариерен развој на наставниците повторно сврзан со резултатите од екстерниот тест. Администрација која секојдневно го оптоварува наставникот до степен на неиздржливост, носење закони од областа на образованието без учество на практичарите“, вели таа.
Професор Горица Илиоска вели дека средношколците се во право во дел од нивните барања, затоа што надвор од здрава памет е да се бара квалитет на екстерно тестирање кога во многу училишта нема основни услови за работа.
„Во нашите училишта каде што немаме клупи, немаме столчиња, часовите не можеме да ги одржиме затоа што ученици влегуваат од една училница во друга барајќи столчиња, барајќи клупа да земат, значи немам коментари, инфраструктурата ни е катастрофа, цела зима со јакни седиме и одржуваме настава, значи ништо не функционира, а вие сакате квалитет со екстерно оценување, тоа е надвор од здрава памет“, вели таа.
Илиоска вели дека дел од вината ја гледа во нејзината фела.
„Мислам дека ништо не можеме да направиме, во овој момент, ние кога требаше да направиме, ништо не направивме. Кога беше започнато со овие реформи не ни се веруваше дека тоа е можно да се реализира и тогаш требаше да реагираме, меѓутоа имајќи предвид дека ние немам синдикат за образование, во тоа сум длабоко убедена, ние сме длабоко убедени, ние сме немоќни, затоа што не можете сами, мора да имате лидер“, вели таа.
Со години властите го реформираат овој сектор, но неговите чинители се незадоволни, затоа што дел од предвидените реформи се неспроведливи на терен, или, пак, нема основа на кои може да се темелат таков вид на реформи. Учениците и студентите во изминативе десетина години беа изложени на безброј образовни експерименти без ниту еднаш да бидат прашани.
Но, наместо да се решаваат проблемите чекор по чекор, властите во изминатиов период само ги надградуваат и прошируваат, а последиците од нив ги шминкаат со пропагандни мерки. Со играта за едни морков за друг стап, проблемите во образованите само се таложат а патот до нивното решение се повеќе се отежнува.
На пример по неколку неделното протестирање на студентите во автономните зони на универзитетите премиерот најави дека за студентите ќе биде спроведен проект „таблет компјутер за секој студент“. Слична беше и ситуацијата пред неколку години кога студентската организација Слободен индекс организираше протести поради високите школарини за студирање. Тогаш владата излезе со проект ваучери за компјутери за студенти.
Студентот на филозофскиот факултет и претставник на Студентскиот пленум Мариглен Демири вели дека честопати тие ваучери не завршуваат кај вистинските луѓе на кои им се потребни, но сепак тоа не е решение за нивните потреби. Демири истакнува дека реформите во високото образование не ги задоволуваат потребите на студентите, и дополнително со повикот секој средношколец да запише студии само се оптоварува образовниот систем кој подоцна произведува неквалитетни кадри на пазарот на труд.
Тој додава дека ЕКТС системот како реформа на високото образование има негативни резултати.
Професорката на филолошкиот факултет Румена Бужаровска вели дека проблемите во образованието одамна ѝ се познати на јавноста.
„Другата работа е што образованието мора да биде ослободено, значи ние веќе одамна патиме од едно многу ограничено образование во коешто исто така се шири преку неквалитетни учебници и преку партизираност во образованието, значи вработување на наставници, учители, од партии, тоа е една од најстрашните работи што се случуваат во образованието, тука немате никаква професионалност, кога некој влегува во најкревкото нешто, во најкревката сфера во општеството, таму каде што има деца, навлегуваат луѓе без никакво знаење, такви луѓе исто така пишуваат и многу сомнителни учебници“, вели Бужаровска.
Во дел од прислушуваните разговори кои што ги објави опозицијата неодамна се слуша и како се вработуваат асистенти на државните универзитети.
Поранешниот министер за образование Сулејман Рушити анализира дека превирањата кои годинава го одбележаа образованието како еден од најчувствителните проблеми во државата се резултат на погрешни политики водени години наназад, а тоа е евидентно и со честите ротации на министри.
„Не можеме да направиме некоја анализа за стратегија во осум години поради тоа што во овие осум години законите беа променети и тоа многу често, што јас лично, иако бев упатен и сум упатен во така наречената Стратегија за реформа во образованието, сметам дека веќе многу нешта се изменети и барем мојот впечаток е дека тие реформи кои беа започнати во времето кога јас бев министер за образование, не можеме веќе да разговараме за истите реформи“, вели Рушити.
Наставничката Димковска смета дека за да се врати довербата во образовниот систем потребно е да се стави мораториум на законите за основно и средно образование, додека не се донесат нови законски решенија во кои ќе учествуваат и практичарите и тоа во услови на широка јавна дебата.
Професорите бараат изготвување на нови наставни планови и програми, според кои учениците нема со одбивност да го посетуваат училиштето, туку со интерес ќе учествуваат во наставниот процес. Димовски вели дека е потребно да се направи една опсежна стратегија со која чекор по чекор ќе се подобрува образованието.
Илиоска вели дека излезот од проблемите е седнување на маса на сите чинители во образованието, на маса да се стави целокупната ситуација во образованието.
„Она што треба прво да се направи е да се вложи во инфраструктура, во опремување на училиштата со нагледни средства, со секакви помагала, за да може после да се очекува квалитет. Верувајте дека ние тоа можеме многу едноставно да го направиме, ние ќе се вклучиме во се она што е квалитет, меѓутоа почнувајќи од основата, а основата е тоа“, вели таа.
Демири вели дека за да имаме квалитетно високо образование потребно е да се прилагоди на нашите услови, начин на живеење и култура.
„Нужно мора образованието да може да ги согледува и да создава критична свест во општеството која што ќе има некоја проактивна улога во создавање на некаква клима во општеството и како еден од најбитните аспекти на нашето општество е зачувувањето на автономијата на универзитетот“, вели Демири.
Државата е одговорна за квалитетот на образованието, обезбедувајќи средства и ресурси и владата не треба да се меша во квалитетот на работата на стручната фела е пораката на луѓето кои го сочинуваат образованието.
Само образовниот систем кој е заснован врз демократски вредности може да ја исполни задачата заради која постои, правење одговорни луѓе подготвени за живот, луѓе кои ќе го градат својот живот, но и ќе работат за општо добро во општеството.