Болоњскиот систем во македонското образование никогаш не профунцкионира онака како што треба, посочуваат професорите откако владата соопшти дека меѓу петте точки усвоила и реформа на овој систем. Заедничката декларација која министрите од земјите-членки на Европската унија ја потпишаа во 1999 година во Болоња за реформа на системот за високо образование во Европа всушност е основата на процесот кон кој Македонија се придружи подоцна.
Прво станува збор за скап процес, операција или систем којшто реално бара многу повеќе материјални средства, второ капацитетот на најголем број на високо-образовните институции не беа доволно подготвени за да го примаат тој процес за да може да се реализира.Илија Ацевски, универзитетски професор.
Но професорите велат дека уште од пред десетина години, кога почна да се спроведува реформата останала само на хартија, а реално не се преземало многу. За виновник меѓудругите се посочуваат и сите влади досега кои не одвоиле доволно пари за да се спроведе процесот.
Универзитетскиот професор Илија Ацевски вели дека основните принципи на тој систем биле само делумно спроведени.
Сепак не се даваат оние резултати кои се очекуваат од овој систем. Јас лично ја бранам тезата дека за наши услови кои ги имаме укажува дека треба да се напушти Болоњскиот систем.Осман Кадриу, универзитетски професор.
„Прво станува збор за скап процес, операција или систем којшто реално бара многу повеќе материјални средства, второ капацитетот на најголем број на високо-образовните институции не беа доволно подготвени за да го примаат тој процес за да може да се реализира“, вели Ацевски.
И според професор Осман Кадриу, европскиот систем кај нас не функционира, а тоа се покажало и со кадрите кои излегуваат од универзитетите со ваквиот начин на образование и кои биле полоши од претходните генерации.
„Сепак не се даваат оние резултати кои се очекуваат од овој систем. Јас лично ја бранам тезата дека за наши услови кои ги имаме укажува дека треба да се напушти Болоњскиот систем“, вели Кадриу.
Ацески пак не се согласува со ваквите ставови.
„Како што е поставено денеска високото образование, односно би требало да биде во рамките, во духот на Болоња, тоа значи приближување на стандардите на студирање во Македонија со стандардите во ЕУ. Што значи напуштање на Болоњскиот процес? Напуштање на овој процес, значи напуштање на интересот, желбата да се вклучи во Европската унија, тоа значи, ништо друго не значи“, смета Ацевски.
Инаку со ревизијата на Болоњскиот систем се предвидува студентите да полагаат испити и усно и писмено. Владата предлага и да може да се докторира само на универзитети кои се рангирани како најдобри пет на Шангајската листа.