Достапни линкови

Поделеност и на цивилното општество


Конференција за цивилно општество во Тетово.
Конференција за цивилно општество во Тетово.

Поделеноста освен во политичкиот живот е присутна и во рамки на невладините организации.

Поделеноста по групи и табори како карактеристика во Македонија покрај во политичкиот живот е присутна и во рамки на невладините организации, религиски заедници, медиуми и синдикати кои го претставуваат цивилното општество. Оттаму минимална е нивната улога во политичката и социјалната трансформација, посочуваат експертите кои дебатираа на конференција во Тетово на оваа тема.

Мислам дека Република Македонија може да учи и да повлече некои лекции од доста земји, земјите од комунистичкиот блок, источниот блок кои на доста поуспешен начин ја поминаа транзицијата.
Ветон Љатифи, Универзитет на Југоисточна Европа.

„Мислам дека Република Македонија може да учи и да повлече некои лекции од доста земји, земјите од комунистичкиот блок, источниот блок кои на доста поуспешен начин ја поминаа транзицијата, а во целата работа доста зајакната улога играше цивилното општество. Е сега до каде е нашето цивилно општество“, смета Ветон Љатифи од Универзитетот на Југоисточна Европа.

Искуството токму од источниот блок во Полска каде сидникалното движење Солидарност ги обедини разните групи кои издејствуваа комплетна општествена трансформација, говори дека идеали и целите заедничките полесно се остваруваат.

Ветон Љатифи.
Ветон Љатифи.

Криштоф Становски, член на Солидарност, а потоа и полски политичар, објаснува дека тамошниот успех се темели на јасно дефинирање на дејствувањето, но и одговорноста за превземените дела.

Ние пред 30 години бевме светски прваци во тоа да бидеме против. Бевме сите против политичкото уредување за кое се зборуваше дека не гуши, бевме многу поодамна пред случувањата на плоштадите Тахир и Мајдан.
Криштоф Становски, член на Солидарност од Полска.

„Ние пред 30 години бевме светски прваци во тоа да бидеме против. Бевме сите против политичкото уредување за кое се зборуваше дека не гуши, бевме многу поодамна пред случувањата на плоштадите Тахир и Мајдан. Лесно можевме да собереме 100 илјади луѓе кои сакаа да кажат дека Владата треба да обезбеди подобар живот за сите. Имавме определба тоа да биде на ненасилен начин, но дека мора да се исполнат нашите вкупно 21 барање“, истакна Становски.

Ненад Марковиќ, професор на Правниот факултет на универзитетот Свети Кирил и Методиј, објаснува дека поделеноста во Македонија доаѓа и од несуштински причини.

„Цивилното општество не успева да изнедри некоја автентична енергија односно да поработи на она што се вика симболички поредок или помирување на некои социјални крајности. Бидејќи во ваков политички контекст во кој се наоѓаме не постои простор за такво нешто. Напротив јас мислам дека цивилното општество многу повеќе ги рефлектира политичките поделби“, вели Марковиќ.

Позитивна карактеристика на неколку организации и групи како дел од цивилното општество е тоа што ги надминале етничките поделености, посочија експертите.

XS
SM
MD
LG