Формирање на младински локален совет во рамки на тетовската локална самоуправа е надежта на помладите жители на градот дека проблемите и потребите ќе можат полесно да се решавааат и надминуваат. Досега младите со членување и активности преку невладините организации се обидуваа да укажат или да покажат иницијатива како треба да се смени некоја состојба која ги засега.
Младите сакаат да читаат, им е потребно адекватно место каде што би прочитале некоја добра книга, да немора само дома да читаат.Христина Василевска, Мултикултура.
„Младите сакаат да читаат, им е потребно адекватно место каде што би прочитале некоја добра книга, да немора дома само да читаат и секако своите проекти, вежби да ги пишуваат во читална“, вели Христина Василевска од Мултикултура, од каде составија петиција до надлжните институции што поскоро да се направи читална, објект кој засега го нема ниту во тетовската библиотека, ни на друго место во градот.
Јелена Пероска од Институтот за развој на заедницата и Сабри Зендели од Здружението на слепи, велат дека и нивните организации постојано работат на проекти кои имаат цел да го подобрат животот пред се на младите.
Исто така дел од нашата работа се и проекти поврзани со подобрување на меѓуетничките односи.Јелена Пероска, Институтот за развој на заедницата.
„Сега имаме еден нов проект којшто вклучува ангажирање на волонтери во локалните самоуправи. Исто така дел од нашата работа се и проекти поврзани со подобрување на меѓуетничките односи. Исто така имаме еколошки проекти, потенцира Јелена Пероска.
„Нашата организација има свои проекти со кои се даваат разни видови тренинг на младите лица со хендикеп“, вели Сабри Зендели.
Младинскиот локален совет треба да овозможи младите да имаат директна комуникација со локалната власт. Следен чекор би бил заеднички да ги носат одлуките и решенијата за проблематичните области, појави или поведувањето одредени активности.
„Од средношколци, студенти, членови на други организации, културно-уметнички друштва и политичките подмладоци ја истакнаа потребата да се формира претставничко тело на младите преку кое тие ќе можат да учествуваат во процесите на донесување на одлуки и креирање на политики на локално ниво. Значи тоа е недостаток во нашата општина нема до сега учество на млад човек дали на Совет на општина дали во донесување на некакви стратегии“, истакнува Јелена Пероска.
Младинските совети треба да има во 12 општини низ Македонија, а веќе функционира во Гостивар.