Достапни линкови

Агенцијата за млади не ја интересираат студентските протести


Директорот на Агенцијата за млади и спорт се пофали со реализираните проекти, но се прогласи за нанадлежен за прашањата на студентите.

Агенцијата за млади и спорт смета дека прашањето за подршката на студентите во нивните барања кои ги изразија на протести не ги засега нив, затоа што тоа е во ресорот на образование.

Тоа секако е во сферата на образованието, така да си посоти ресорно министерство кое ќе ви одговори на прашањето.
Марјан Спасески, Директорот на агенцијата за спорт и млади.

Директорот на агенцијата Марјан Спасески, на конференцијата наменета за младински политики и учество на младите во процеси на креирање на политики на новинарско прашање дали Агенцијата ќе ги поддржи студентите во нивните барања на протестите или може да им понуди некаква помош одговори дека не може да коментира нешто што не е во негов домен.

„Тоа секако е во сферата на образованието, така да си постои ресорно министерство кое ќе ви одговори на прашањето.“

Потребно е да се направат и заложби за нивно вклучување на национално ниво, меѓутоа да се работи и на поголемо уредување на одредени полиња од младинската област.
Ивана Давидовска, Национален младински совет.

Тој изрази задоволство што учествува во конференција за креирање на младински политики.

„Соочување на аргументите на институциите и младинските организации за создавање на креативни и иновативни решенија коишто ќе носат продуктивен развој во општеството.“

Спасески се пофали дека со овогодинешните реализирани проекти на агенцијата, бесплатен превоз за студентите во четврток, бесплатен влез во сите културни институциите во земјава, бесплатно возење со жичарницата за студентите, низа попусти како и мерки за намалување на невработеноста во соработка со дел од институциите донеле голем бенефит за младите.

Тој додаде дека агенцијата е инволвирана и во создавањето на нова национална стратегија за млади за период од 2016 до 2025 година.

Претседателката на националниот младински совет Ивана Давидовска вели дека младите треба повеќе да се вклучени во носењето на одлуки и младински политики во општеството. Таа додава дека нивното истражување покажало оти младите и младинските организации на локално ниво се делумно вклучени при креирање на стратегии.

„Потребно е да се направат и заложби за нивно вклучување на национално ниво, меѓутоа да се работи и на поголемо уредување на одредени полиња од младинската област. Она што друго се покажа дека младинските организации имаат капацитет и имаат знаење, меѓутоа се спремни да дадат заложби во овие процеси.“

Универзитетската професорка Тања Каракамишева апелира до институциите позабрзано да работат во делот на креирање на политики кои што ќе ги вклучат младите во процесот на донесување на одлуки.

„Треба да биде активно вклучена во надминување на проблемите и надминување на сите оние предизвици со кои се соочува младината во Република Македонија.“

  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG