Достапни линкови

Необработено половина од земјоделското земјиште во дебарско


Иселувањето, нефункционирањето на системот за наводнување, немањето откуп и скапите репро-материјали се главни причини за необработување на земјиштето во дебарско.

На дебарскиот пазар речиси и нема дебарски земјоделски производи. Земјоделците во голем дел не ги обработуваат земјоделските површини. Претставниците на Единицата на Министерството за земјоделие, шумарство и водостопансртво во Дебар истакнуваат дека не се обработува половина од плодното земјиште. Плодното земјиште и во општина Центар Жупа за жал е запоставено.

Од вкупната обработлива земјоделска површина, 3.414 хектари во дебарско, околу 60 отсто не се обработува. Се работи за плодно земјиште, кое во минатото даваше многу квалитетни производи.
Лири Делиши, раководител на дебарската единица на Министерството за земјоделие, шумарство и водостопанство.

„Од вкупната обработлива земјоделска површина, 3.414 хектари во дебарско, околу 60 отсто не се обработува. Се работи за плодно земјиште, кое во минатото даваше многу квалитетни производи. Особено големи земјоделски површини не се обработуваат во Дебарското Поле, во атарите на пограничните села Спас, Коњаре, Бомово и Селокуќи. Исто така за жал не се обработуваат и големи површини со плодно земјиште во регионот на Горна и Долна Жупа. Загрижувачка е состојбата во селата Коџаџик, Новак и другите села на Жупа“, истакнува Лири Делиши, раководител на дебарската единица на Министерството за земјоделие, шумарство и водостопанство, кој воедно е познат експерт по агрокултура и вонреден универзитетски професор.

Влијание особено имаат четири фактори. Како прво силната миграција од селата во странство. Втор многу важен фактор е нефункционирањето на системот за наводнување на Дебарското Поле, кој беше изграден по стартот со работи на ХЕЦ Шпилје. Потоа трет исто така битен фактор е и несоодветниот откуп на земјоделските прозоводи, а потоа нормално и факторот на скапите репроматријали.
Лири Делиши, раководител на дебарската единица на Министерството за земјоделие, шумарство и водостопанство.

Според него, причините за оваа состојба се бројни. Неколку фактори имаат директно влијание за слабиот интерес за обработка на земјоделските површини, особено во селата во дебарско и Жупа, вели Делиши.

„Кога се во прашање причините за необработувањето на земиштето може да се рече дека тие се неколку. Влијание особено имаат четири фактори. Како прво силната миграција од селата во странство. Втор многу важен фактор е нефункционирањето на системот за наводнување на Дебарското Поле, кој беше изграден по стартот со работи на ХЕЦ Шпилје. Потоа трет исто така битен фактор е и несоодветниот откуп на земјоделските прозоводи, а потоа нормално и факторот на скапите репроматријали, кои не ги покриваат трошоците“, нагласува Делиши.

Со цел да се овозможи соодветно наводнување на површините, како во Дебар, така и во Жупа, се преземаат нагласени активности. Така, во Дебар деновиве од страна на локалната власт се преземени активности за санација на системот за наводнување на Дебарското Поле, кој не функционира цели 8 години поради големата кражба на пумпите во главната станица на системот која се наоѓа на брегот на Дебарското Езеро, а за што досега и никој не одговараше. Во општина Центар Жупа, пак, се очекува во месец април да стартуваат работите околу санацијата на мини системот за наводнување на полето на Жупа. Според општинарите, веќе се обезбедени средства од централниот буџет и проблемот ќе биде надминат.

  • 16x9 Image

    Кенан Мимидиновски

    Кенан Мимидиновски, роден 1954 во Дебар. Завршил Правен факултет во Скопје, а со новинарство професионално се занимава 30 години. Најпрвин во Радио Дебар како новинар, а подоцна 12 години и како главен и одговорен уредник . Дописник на Радио Слободна Европа од Дебар е од 2001 година.

XS
SM
MD
LG