Постоењето на функционална демократија, владеењето на правото и медиумските слободи се фундаментални услови без кои е незамисливо чие било членство во НАТО, велат аналитичарите. Тоа што Макeдонија веќе 16 години е кандидат за членство во НАТО алијансата, а 7 години чека пред нејзините порти, откако во 2008 година доби покана за влез, само го отежнува интегрирањето.
Малку е тешко и затоа што во сето тоа се случуваат и други работи кои се како пропратни елементи во тоа што значат реформи во армијата, но и сите други реформи во другите институции кои се поврзани и со демократијата и со безбедноста и со правната држава и со слободата на медиумите, сите се тие комплементарни стандарди за да можеме да ја заслужиме поканата за членство во НАТО.Исмет Рамадани , претседател на Евро-атланскиот совет на Македонија.
Претседателот на Евро-атланскиот совет на Македонија Исмет Рамадани вели дека тешко е да се одржи кондицијата во следењето на реформите кога од година во година се пролонгира поканата за членство, затоа што македонската армија треба секогаш да биде спремна да одговори на потребите и стандардите кои ги носи со себе членството во НАТО.
„Малку е тешко и затоа што во сето тоа се случуваат и други работи кои се како пропратни елементи во тоа што значат реформи во армијата, но и сите други реформи во другите институции кои се поврзани и со демократијата и со безбедноста и со правната држава и со слободата на медиумите, сите се тие комплементарни стандарди за да можеме да ја заслужиме поканата за членство во НАТО“, вели Рамадани.
Веќе не се работи само за прашањето за името, што долго време беше добар изговор за сите од Република Македонија, туку се работи пред сè и за други елементи од демократијата, така што веројатно ќе се отвори и ова досие каде што повторно од ново ќе се учи азбуката на демократичност и демократизацијата во општеството.Нано Ружин, поранешен амбасадор во НАТО.
Поранешниот македонски амбасадор во НАТО во два мандати, Нано Ружин, вели дека постојаното чекање пред портите на алијансата влијаеше врз создавање на одреден НАТО скептицизам кај македонските власти, било на политички, било на воен план.
„Видовме сериозно е намален буџетот за реформите во армијата, второ она што ни случува на политички план, демократските процеси се практично уназадени и Македонија е во една лимбо состојба, чекајќи решение коешто никако не доаѓа, секако овие застои особено во демократијата не можеме да ги оправдаме само со НАТО блокадата, туку со односот на владејачката политичка гарнитура на чело со Груевски“, вели тој.
Ружин вели дека според акциониот план за членство кој го има Македонија, како кандидат за членство требаше да исполни неколку задачи кои се однесуваат на развојот на демократија, владеење на право, слобода на медиуми, но ако до пред 2008 беше лидер во исполнувањето на овие задачи, сега земјата се соочува со огромен пад на демократските достигнувања.
„Македонија со последните настани кои се случија со прислушувањето, се разобличи целокупната врхушка на владејачката политичка елита и дојдоа до израз оние елементи кои што се не почитувани во рамките на акциониот план за членство“, вели Ружин.
Тој додава дека е нарушен кредибилитетот на Македонија како идна членка на Алијансата.
„Веќе не се работи само за прашањето за името, што долго време беше добар изговор за сите од Република Македонија, туку се работи пред сè и за други елементи од демократијата, така што веројатно ќе се отвори и ова досие каде што повторно од ново ќе се учи азбуката на демократичност и демократизацијата во општеството“, вели Ружин.