Достапни линкови

Подалеку од ЕУ, поподложна на влијанија од Исток


Балканот меѓу Западот, Русија и милитантите на ИД
please wait

No media source currently available

0:00 0:08:05 0:00

Балканот меѓу Западот, Русија и милитантите на ИД

Стратешките цели на Македонија како членство во ЕУ и НАТО не се реализирани, а тоа ја остава државата на политичка ветрометина која со себе носи последици, велат аналитичарите.

Македонија долго време е пред вратите на Европската унија, но со тоа што земјава сè уште е во чекалница, остава простор за зголемено надворешно влијание од исток и од запад, а дополнително изминатиов период се покажа дека земјава не е имуна ниту на влијанијата од арапскиот свет.

Мислам дека ние не сме доволно силни сами да се соочуваме со сериозни притисоци, кои сега за среќа ги нема.
Денко Малески, универзитетски професор.

Основниот проблем на македонската политика е тоа што стратешките цели како членство во ЕУ и НАТО не се реализирани, а тоа ја остава државата на своевидна политичка ветрометина која со себе носи последици, вели поранешниот министер за надворешни работи Денко Малески.

Архивска фотографија: Претседателот Ѓорге Иванов на средба со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во Охрид.
Архивска фотографија: Претседателот Ѓорге Иванов на средба со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во Охрид.

„Секако се тие дестабилизирачки, се разбира. Мислам дека ние не сме доволно силни сами да се соочуваме со сериозни притисоци, кои сега за среќа ги нема“, вели Малески.

Кон Република Македонија, Русија нема да биде толку ангажирана со своите капацитети, да речеме да ја оттргне Македонија од евроатлантските интеграции.
Исмет Рамадани, претседател на Евро-атланскиот совет на Македонија.

Претседателот на Евро-атланскиот совет на Македонија, Исмет Рамадани, вели дека колку е подалеку земјава од ЕУ и НАТО, толку се зголемува влијанието од Блискиот Исток и од Русија. Рамадани смета дека Македонија е на еден крстопат на кој се судираат идеологии и влијанија, но не очекува да биде сменет главниот дискурс.

„Кон Република Македонија, Русија нема да биде толку ангажирана со своите капацитети, да речеме да ја оттргне Македонија од евроатлантските интеграции“, вели тој.

Но, што се однесува до влијанието од арапскиот свет, односно проблемот со граѓаните од Македонија кои учествуваат во сириската војна, мора да се внимава, додава Рамадани.

„Тука веќе со едно добро системско организирање на Република Македонија, заедно со ИВЗ, мислам дека има капацитет, односно има потенцијал државата за сето тоа да биде под контрола и на еден начин да не биде изложена на некоја поголема опасност од нивните дејствувања во Република Македонија“, вели Рамадани.

Еден од дополнителни проблеми е што, иако земјава декларативно е на пат кон ЕУ и НАТО, сепак во пракса покажува знаци на двоумење, вели Рамадани. Според него, сигналите кои одредени интелектуалци и советници на првите луѓе на државата ги испраќаат до меѓународната заедница може да остават негативен ефект врз евроатланскиот пат по кој чекори Македонија.

  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG