Достапни линкови

Заев - Случајот Бошкоски покажува на што е спремна власта


Трета „бомба“ на Заев: Случај Љубе Бошковски
please wait

No media source currently available

0:00 0:05:36 0:00

Трета „бомба“ на Заев: Случај Љубе Бошковски

Заев не очекува правна, туку политичка разрешница на овие случаи, оти како што вели во државата нема судство, нема полиција, нема систем, туку сė e инструирано и диригирано од една мала група на власт.

Седум меѓусебни телефонски разговори на политичко-полицискиот врв како и разговори со сопственик на медиум и новинар, кои како што рече претседателот на СДСМ Зоран Заев, се доказ дека апсењето на претседателот на Обединети за Македонија Љубе Бошкоски е политички монтиран процес, беа објавени денеска. Првиот човек на опозициската партија нагласи дека од тие разговори се слуша и како тие се договараат за целосно да го омаловажат во јавноста.

Какви заложници сме сите во сопствената држава, во којашто нема судство, нема полиција, нема систем, туку сė e инструирано и диригирано од таа мала група, фамилијата на Никола Груевски. За што? За лични цели и за одмазда!.
Зоран Заев, претседател на СДСМ.

„Ова што денеска ќе го слушнете е ужас! Од разговорите ќе ви стане јасно на што сė се подготвени братучедите Груевски и Мијалков со неколкумина нивни соработници. Какви заложници сме сите во сопствената држава, во којашто нема судство, нема полиција, нема систем, туку сė e инструирано и диригирано од таа мала група, фамилијата на Никола Груевски. За што? За лични цели и за одмазда!“, рече Заев.

На првиот разговор како што нагласи тој се слушаат гласовите на шефот на УБК Сашо Мијалков и новинарот и уредник во телевизијата Сител Драган Павловиќ Латас.

Машки глас 1:„ И сега стварно сега со стотче у кеш го фатиле?“

Машки глас 2:„ Да, ги фрлил парите 100.000. Пет-шест...десет парчиња по 10.000.“

Машки глас 1: „ Оф, оф, оф.

Машки глас 2:„ Лежеше таму едно пола саат на стомак, врзан на лисици. Дојдоа новинари го испосликаа, лом го направија, вриштел: Сашо Мијалков ме намести и солзи течеле.

Машки глас 1:„ Леле, леле, леле.“

please wait

No media source currently available

0:00 0:02:50 0:00
Директен линк

Заев тврди дека дел од разговорите презентирани денеска биле класичен доказ за тоа дека шефот на УБК нарачувал што и како ќе се прикажувало на телевизиите за случајот Бошкоски а беше пуштен и разговор на кој како што рече претседателот на СДСМ се слушале гласовите на Мијалков и сопственикот на Канал 5 телевизија Емил Стојменов.

Машки глас 1: „Гледам овај, немој ...Ќе си го пуштате оргинал како што си го снимале, немој да заматувате ова, она. “

Машки глас 2: „Не бе, го пуштија во 5 саат со пиштолот и со тоа, јас ги гледав на Канал 5. “

Машки глас 1: „Е така да, да.“

Машки глас 2: „Го видов, снимката е снимена.“

Машки глас 1: „Е ја само Канал 5 не видов, имав состанок во другата сала. “

please wait

No media source currently available

0:00 0:03:39 0:00
Директен линк

Покрај овие денеска беа пуштени и аудио снимки, од како што рече Заев разговори меѓу министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и шефот на кабинетот на Груевски Мартин Протуѓер на кои се слуша зборување за контроли на патишта за време на протести, што да се објави од веста за апсењето на Бошкоски и како да се однесуваат со луѓето од неговата партијата што работат во државните институции.

please wait

No media source currently available

0:00 0:05:57 0:00
Директен линк

Во последниот разговор презентиран денеска Заев вели дека се слушаат гласовите на Јанкулоска и нејзиниот портпарол Иво Котевски како разговараат за тоа кои фотографии да се објават во медиумите, а на крај спомнуваат и убиено дете на плоштад, најверојатно мислејќи на Мартин Нешковски.

please wait

No media source currently available

0:00 0:00:58 0:00
Директен линк

Поголемиот дел од разговорите по се изгледа дека се одвиваат во јуни 2011 година бидејќи апсењето на Бошкоски и убиството на Нешковски се случуваа ден после изборите односно на шести јуни.

Заев најави и дека во следниве денови ќе продолжеле со објавување на материјалите. На новинарско прашање дали очекува да биде уапсен тој кратко одговори Груевски и Мијалков и се е можно.

„Прво, не очекуваме правна разрешница на овие случаи од проста причина што не веруваме. Гледате, сепак поднесуваме кривични пријави поради тоа што сакаме да оставиме траг и сакaме да покажеме дека го почитуваме и Уставот и законот во Република Македoнија. Имаме добар Устав, добар закон. Не чинат поединци во правосудниот систем.Не очекуваме правна разрешница. Политичка разрешница очекуваме. Политичка разрешница којашто значи оваа власт и ова зло да заминат“, рече Заев.

Инаку ова е трета прес конференција на Заев во која тој објавува материјали од т.н. бомба. Во неделата тој објави пет телефонски разговори со кои како што рече се докажува директната спрега на релација власт-правосудство. На првата прес конференција пак Заев рече дека повеќе од 20 000 луѓе биле незаконски прислушувани,по наредба на Груевски и на Мијалков за што потврда било тоа што немало снимен телефонски разговор исклучиво меѓу нив двајцата.

По прес конференцијата на Заев реагираа од ВМРО-ДПМНЕ. Од таму наведуваат дека Заев и денес свесно продолжил да одработува за странските центри и нивните агентури во државава, на директна штета на интересите на Република Македонија и нејзините граѓани.

„Зоран Заев со секој негов чекор без дилема потврдува дека креираните материјали кој ги употребува се креирани во соработка со странски центри, а тој е инструмент во спроведувањето на нивното сценарио. СДСМ и Зоран Заев не можат да бидат конкурентни со програма, проекти и идеи корисни за граѓаните, туку единствено се добри кога станува збор за исполнување на туѓи агенди кои се штетни за сопствената држава”се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Целта на нивното сценарио е провидна, наведуваат од владејачката партија, додавајќи дека со нивното несмасно постапување со овој случај се доведуваат во ситуација да влезат во серија на противречности и од минута во минута се демантираат самите себе си.

„Зоран Заев во своето обраќање на прес конференции искажа еден куп лаги, конструкции и невистинити квалификации кои се во функција на остварување на сценарио за разнебитување на државата, со цел да дојде на власт без да ја има довербата од граѓаните” се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

  • 16x9 Image

    Фросина Димеска

    Родена е 1980 година во Скопје. Со новинарство се занимава од 2004 година кога почнува да работи како постојан дописник на Радио Слободна Европа од Скопје.
    Во периодот од 2008 година до почетокот на 2014 година работи прво како новинар во телевизијата Алсат М а потоа во дневниот весник Нова Македонија.

XS
SM
MD
LG