Достапни линкови

Прослави и подароци - вака никогаш не било


Ништо не е како порано, заклучуваат и купувачите и трговците. Новогодишната еуфорија се помалку се чувствува, а како виновник се посочуваат парите.

И покрај новогодишниот декар низ улиците и во центарот на градот луѓето велат дека се помалку трошат пари поради нискиот стандард новогодишната еуфорија се помалку се чувствува и во продавниците. Тезгите со храна се нешто што дефинитивно го привлекува вниманието додека луѓето се шетаат, но и тука се купува според висината на џебот.

Не е како порано, но пак се одвојуваат некои средства, не остануваме без ништо. Нема цели печени прасиња како што беше порано, сега сармичка, нешто место ќе се испече, но е тоа што беше.
Анкетиран граѓанин.

„Не е како порано, но пак се одвојуваат некои средства, не остануваме без ништо. Нема цели печени прасиња како што беше порано, сега сармичка, нешто место ќе се испече, но е тоа што беше“.

„Не е како секојдневно, но пак е поскромно, нормално стандардот тоа го прави.“

„Секој би посакал нешто од убаво-поубаво, но кога се нема пари, се задоволуваме и со малку, тоа е минијатурно, но колку да се обележи, но повеќе значење давам за Божиќ, отколку за Нова година.“

Порано овој период пред Нова година сме работеле и недели, но сега не се ни приметува дека иде Нова година.
Изјава на анкетиран трговец.

Трговците велат дека во споредба со други години луѓето се помалку трошат пари за Нова година. Во Градскиот трговски центар каде порано имаше најголема посетеност, на неколку дена пред најдолгата ноќ е како и секој обичен ден. Трговците посочуваат дека станува вообичено за овој период од годината, пред Божиќ и Нова година да имаат се помалку луѓе што влегуваат во дуќаните, додека после празниците во продавниците се забележува уште поголем пад на продажбата.

„Вообичаено е, како секој нормален ден. Неспоредливо е со пред 3-4, 5 години.“

Дел од трговците се жалат дека ниту попустите што се нудат во овој период од годината не наидуваат на одговор.

„Порано овој период пред Нова година сме работеле и недели, но сега не се ни приметува дека иде Нова година.“

Додека луѓето шетаат низ центарот на градот може да се каже дека повеќе уживаат во звуците на музичките инструменти кои ги свират уличните свирачи или ученици од музичките училишта, но она што е најпопуларно тоа се штандовите со Дедо Мраз и се чини дека Градскиот трговски центар е најпопуларен за најмалите.

  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG