Здравје, среќа, бериќет... тоа е она што од секоја уста деновиве се слуша. А, едното без друго не бива. Во трката за пари, забораваме на грижата за сопственото здравје, на малите нешта што не прават задоволни и среќни, забораваме дека минутите, деновите, месеците па и годините поминуваат со неверојатна брзина, а нас не ни останува ништо друго освен надежта дека утре ќе биде подобро од денес!
Како и секоја година така и оваа излозите во продавниците се новогодишни, накитени и светликави. Елки, лампиони, разнобојни сијалички, балони и дедо мразовци има колку што сакате. Продавниците полни, ама џебот е празен, велат дел од луѓето кои ги анкетиравме.
Нашата прошетка низ градот ни пружи можност за разговор со многу граѓани. Повеќето забрзани и замислени, на пат кон работното место или својот дом. Не беа многу расположени за разговор со новинари. Велат тешко време дојде, не знаеме кому да му веруваме. Некој од страв да не го види директорот, а друг затоа што му здодеало од политиката, од медиумите, од секојдневните информации.
„Го накитиле градот и цела Македонија, а ние со што да се китиме, со сиромаштија? Срамота е, не се отвораат фабрики, туку овие „столбови“ кои уште толку пари ќе јадат.“
Кои се вашите очекувања во новата година? Погледнете го видеото и коментирајте овде.
Новогодишната вечер доаѓа, но не и новогодишното расположение. Кога имате невработени деца кои имаат високо образование, а седат дома и чекаат од вас за да излезат, немате мерак за песна и за славење, за празници и седенки. Не чини кога очите се полни, а стомакот е празен, вели еден пензионер.
„Младите седат дома и се товар на постарите. Јас имам син, адвокат е, но не е вработен, 31 година е веќе, треба да се вработи и сега јас морам да седам тука на пазар, за тој да не осети многу од криза.“
Ако ги имате предвид неколкукратните поскапувања на животните продукти во изминатата година, а тешко е да не ги споменете, годинава трпезата е очекувано поскромна. Она што мора ќе се купи, а новогодишната ноќ ќе се чека дома, оти така е поевтино, велат граѓаните.
„Само пакетчиња за внуците, другото е се скапо, нема збор тука.“
„Скромно, како и најнормално, дома во домашни услови, такво расположение чувствувам. Ако имаме некоја паричка ќе им дадеме да отидат децата некаде со другарчињата тука некаде блиску.“
„По дома, не се чувствува некоја поголема атмосфера, кој како има така ќе си слави.“
„Нема никакво расположение за Нова Година, поради ситуацијата во државата, поради личните примања, поради стравот на луѓето за тоа дали ќе имаат или ќе немаат пари.“
Она што секој го посакува за себе и своите најблиски е добро здравје, спокој и мирен живот. Сите кои ги прашавме за новогодишните желби во следната година ни одговорија во еден глас. Сакаат пристојни плати, повисок стандард, нови работни места и помалку сиромаштија.
„Би сакала на секој да му се подобри финансиската состојба за да може луѓето да преживеат, бидејќи има семејство кои не можат да преживеат од први до први, здравје на сите и среќа и успех во работата.“
„Мир да има, да не се тепаат и караат партиите меѓу себе, тоа е многу тешко, бериќет да има, среќа, живот да има.“
„Да се смират тензиите и да се намали сиромаштијата.“
„Здравје да има за целото семејство и да се среди се за да биде убаво за сите.“
Новогодишните желби се всушност проекција на она што сакаме да ни се случи во иднина, но и повторување на она што ни се случило во претходната, објаснува социологот Ѓорги Тоновски. Желбите не ги креираат медиумите, туку сопственото искуство. Ако нешто било добро, сакаме истото да ни се повтори, лошото, пак, сакаме да го заборавиме најбрзо што може.
„Кај најголем дел од популацијата тоа е стандардот и економијата. Најголем број на желби кај повозрасната популација се врзани со прашањето на стандардот, со егзистенцијата, со економската ситуација во земјата, со можностите да се промени таа ситуација, да се излезе од кризата, да се разрешуваат горливите прашања околу сиромаштијата, невработеноста. Во тоа мислам дека не се разликуваме ниту од Европјаните, насекаде таа криза е присутна, дали во поголема или во помала мера, дали поостро или помеко.“
Но знаеме ли да поставиме граници меѓу она што го пожелуваме и она што е реално остварливо. Тоновски вели дека луѓето знаат да ги ограничат желбите во зависност од можностите, иако не исклучува дека не ретко овие желби се граничат со идеалистичкото и надреалното.
„Јас мислам дека има граници, луѓето ги препознаваат тие граници, си ги лимитираат желбите, иако и во терминологијата и во искажувањето на тие желби, има една нота на идеалистичко, доза на нереално, нешто што е надочекуваното, но во секој случај мислам дека во основа чувствата се лимитирани, јасно определени и со реална подлога.“
Како и секоја друга година така и оваа ќе бидеме неми сведоци на ветувањата на политичарите за подобра иднина. Нема да бидат пропуштени повиците за обединување, за мирен соживот, ветувањата за добра економска слика, за повисок стандард, за нови работни места, за нови проекти и инвестиции. Но, малкумина од оние кои ги прашавме велат дека им веруваат на политичарите, оти нивните очекувања досега биле изневерени не само еднаш, туку многупати.
„Ништо од тоа, само го лажат народот и ништо друго.“
„Лажат, дојде еден на власт, не чини, другиот исто така, значи фактички од политичарите ништо. Тие се грижат за себе си, за нас, за народот воопшто. Бев за една партија, но ме разочараа, не е битно за која партија си.“
„Секој ветува едно се дур не седне во фотелјата, а кога ќе седне го заборава ветеното.“
„Велат ќе биде, ќе биде, ама не биднува ништо.“
РСЕ: Што треба народот да направи, за да се промени тоа?
„Па да се дигнеме, да кажеме дека ова вака повеќе не бива, оваа голема сиромаштија, оваа голема бедотија, веќе не иде.“
„Економијата не оди, платите се ниски, пензиите се ниски.“
„Се е лук и вода, стандардот продолжува да опаѓа, тоа е знак дека нешто не оди напред, да има, да оди нешто напред, тоа ќе го почувствуваме, а ние одиме назад. Со истите пари можеме да си дозволиме помалку работи.“
„Не ми се верува дека некој им верува на политичарите.“
Професор Тоновски објаснува дека во одредувањето и креирањето на новогодишните желби и очекувања, доминантна улога имаат социо-економските фактори. Тоа што политиката премногу се вмеша во македонското секојдневие, создава тесна врска меѓу политичарите и граѓаните, оти вторите потајно се надеваат дека првите ќе успеат да ги подобрат условите за живот.
„Тие фактори биле, се и ќе останат доминантни и примарни. Мислам дека луѓето таа политика што ја зборуваат, што ја гледаат, што ја коментираат ја врзуваат со проблемот на социо-економскиот момент. И да не им веруваат на политичарите сепак во нив го гледаат единствена надеж, бидејќи тие се тие што треба нешто да преземат, во крајна линија тие го држат кормилото на овој брод и сакале или не сакале, повторно се вражаат и покрај тоа што истражувањата покажуваат дека таа доверба во политичарите е разнишана, сепак сметаат дека тие се тие кој можат да ја извлечат ситуацијата, односно да се подобри она што значи стандард, иднина, надежи, очекувања.“
Покрај гаранцијата дека Владата ќе им гарантира сигурен и безбеден живот, за граѓаните главниот фокус на кој треба да работат надлежните во новата година е економијата. Намалување на сиромаштијата, отворање на нови фабрики и работни места, повисоки плати и пензии, тоа според граѓаните треба да бидат приоритети во работењето на Владата за наредната година.
„Па економијата, а со тоа ќе има и повеќе вработувања за младите, да можат да си ги решаваат своите проблеми, децата се невработени.“
„Да се зголеми вработувањето, ако може да се отвори некоја фабрика.“
„Да имаме плата, да си ги облечеме децата, да не ги оставаме да просат.“
„Да се отвораат нови работни места, државата да се фокусира на тоа подобро да се развива економски, да се отвориме кон светот, без разлика на сите препреки кои не се поставени.“
„Да се подигне стандардот на народот, народот да живне, разочаран е, но верувам дека понатаму во 2013 ќе биде подобро.“
Иако не ретко во новогодишните честитки од политичарите може да се слушнат ветувања дека е потребен внатрешен консензус за најважните работи со цел успехот да биде сигурен, како и дека е потребна мудрост, сталоженост и државно единство за прашањата кои имаат најголемо значење за нашата заедничка иднина, искуството покажува дека обичниот народ е во сенка на дневно политичките интереси.
И не е нескромно ако кажеме дека обврска на сите одговорни во државата во наредната година треба да биде да му посветат многу повеќе внимание на обичниот човек и на неговите желби и очекувања.
Го накитиле градот и цела Македонија, а ние со што да се китиме, со сиромаштија? Срамота е, не се отвораат фабрики, туку овие „столбови“ кои уште толку пари ќе јадат.Анкетиран граѓанин.
Како и секоја година така и оваа излозите во продавниците се новогодишни, накитени и светликави. Елки, лампиони, разнобојни сијалички, балони и дедо мразовци има колку што сакате. Продавниците полни, ама џебот е празен, велат дел од луѓето кои ги анкетиравме.
Нашата прошетка низ градот ни пружи можност за разговор со многу граѓани. Повеќето забрзани и замислени, на пат кон работното место или својот дом. Не беа многу расположени за разговор со новинари. Велат тешко време дојде, не знаеме кому да му веруваме. Некој од страв да не го види директорот, а друг затоа што му здодеало од политиката, од медиумите, од секојдневните информации.
„Го накитиле градот и цела Македонија, а ние со што да се китиме, со сиромаштија? Срамота е, не се отвораат фабрики, туку овие „столбови“ кои уште толку пари ќе јадат.“
Кои се вашите очекувања во новата година? Погледнете го видеото и коментирајте овде.
Новогодишната вечер доаѓа, но не и новогодишното расположение. Кога имате невработени деца кои имаат високо образование, а седат дома и чекаат од вас за да излезат, немате мерак за песна и за славење, за празници и седенки. Не чини кога очите се полни, а стомакот е празен, вели еден пензионер.
Младите седат дома и се товар на постарите. Јас имам син, адвокат е, но не е вработен, 31 година е веќе, треба да се вработи и сега јас морам да седам тука на пазар, за тој да не осети многу од криза.Анкетиран граѓанин.
„Младите седат дома и се товар на постарите. Јас имам син, адвокат е, но не е вработен, 31 година е веќе, треба да се вработи и сега јас морам да седам тука на пазар, за тој да не осети многу од криза.“
Ако ги имате предвид неколкукратните поскапувања на животните продукти во изминатата година, а тешко е да не ги споменете, годинава трпезата е очекувано поскромна. Она што мора ќе се купи, а новогодишната ноќ ќе се чека дома, оти така е поевтино, велат граѓаните.
„Само пакетчиња за внуците, другото е се скапо, нема збор тука.“
„Скромно, како и најнормално, дома во домашни услови, такво расположение чувствувам. Ако имаме некоја паричка ќе им дадеме да отидат децата некаде со другарчињата тука некаде блиску.“
„По дома, не се чувствува некоја поголема атмосфера, кој како има така ќе си слави.“
„Нема никакво расположение за Нова Година, поради ситуацијата во државата, поради личните примања, поради стравот на луѓето за тоа дали ќе имаат или ќе немаат пари.“
Она што секој го посакува за себе и своите најблиски е добро здравје, спокој и мирен живот. Сите кои ги прашавме за новогодишните желби во следната година ни одговорија во еден глас. Сакаат пристојни плати, повисок стандард, нови работни места и помалку сиромаштија.
„Би сакала на секој да му се подобри финансиската состојба за да може луѓето да преживеат, бидејќи има семејство кои не можат да преживеат од први до први, здравје на сите и среќа и успех во работата.“
„Мир да има, да не се тепаат и караат партиите меѓу себе, тоа е многу тешко, бериќет да има, среќа, живот да има.“
„Да се смират тензиите и да се намали сиромаштијата.“
„Здравје да има за целото семејство и да се среди се за да биде убаво за сите.“
Новогодишните желби се всушност проекција на она што сакаме да ни се случи во иднина, но и повторување на она што ни се случило во претходната, објаснува социологот Ѓорги Тоновски. Желбите не ги креираат медиумите, туку сопственото искуство. Ако нешто било добро, сакаме истото да ни се повтори, лошото, пак, сакаме да го заборавиме најбрзо што може.
Кај најголем дел од популацијата тоа е стандардот и економијата. Најголем број на желби кај повозрасната популација се врзани со прашањето на стандардот, со егзистенцијата, со економската ситуација во земјата, со можностите да се промени таа ситуација, да се излезе од кризата, да се разрешуваат горливите прашања околу сиромаштијата, невработеноста. Во тоа мислам дека не се разликуваме ниту од Европјаните, насекаде таа криза е присутна, дали во поголема или во помала мера, дали поостро или помеко.Ѓорги Тоновски, социолог.
„Кај најголем дел од популацијата тоа е стандардот и економијата. Најголем број на желби кај повозрасната популација се врзани со прашањето на стандардот, со егзистенцијата, со економската ситуација во земјата, со можностите да се промени таа ситуација, да се излезе од кризата, да се разрешуваат горливите прашања околу сиромаштијата, невработеноста. Во тоа мислам дека не се разликуваме ниту од Европјаните, насекаде таа криза е присутна, дали во поголема или во помала мера, дали поостро или помеко.“
Но знаеме ли да поставиме граници меѓу она што го пожелуваме и она што е реално остварливо. Тоновски вели дека луѓето знаат да ги ограничат желбите во зависност од можностите, иако не исклучува дека не ретко овие желби се граничат со идеалистичкото и надреалното.
Лажат, дојде еден на власт, не чини, другиот исто така, значи фактички од политичарите ништо. Тие се грижат за себе си, за нас, за народот воопшто. Бев за една партија, но ме разочараа, не е битно за која партија си.Анкетиран граѓанин.
„Јас мислам дека има граници, луѓето ги препознаваат тие граници, си ги лимитираат желбите, иако и во терминологијата и во искажувањето на тие желби, има една нота на идеалистичко, доза на нереално, нешто што е надочекуваното, но во секој случај мислам дека во основа чувствата се лимитирани, јасно определени и со реална подлога.“
Како и секоја друга година така и оваа ќе бидеме неми сведоци на ветувањата на политичарите за подобра иднина. Нема да бидат пропуштени повиците за обединување, за мирен соживот, ветувањата за добра економска слика, за повисок стандард, за нови работни места, за нови проекти и инвестиции. Но, малкумина од оние кои ги прашавме велат дека им веруваат на политичарите, оти нивните очекувања досега биле изневерени не само еднаш, туку многупати.
„Ништо од тоа, само го лажат народот и ништо друго.“
Тие фактори биле, се и ќе останат доминантни и примарни. Мислам дека луѓето таа политика што ја зборуваат, што ја гледаат, што ја коментираат ја врзуваат со проблемот на социо-економскиот момент. И да не им веруваат на политичарите сепак во нив го гледаат единствена надеж, бидејќи тие се тие што треба нешто да преземат, во крајна линија тие го држат кормилото на овој брод и сакале или не сакале, повторно се вражаат и покрај тоа што истражувањата покажуваат дека таа доверба во политичарите е разнишана, сепак сметаат дека тие се тие кој можат да ја извлечат ситуацијата, односно да се подобри она што значи стандард, иднина, надежи, очекувања.Ѓорѓи Тоновски, социолог.
„Лажат, дојде еден на власт, не чини, другиот исто така, значи фактички од политичарите ништо. Тие се грижат за себе си, за нас, за народот воопшто. Бев за една партија, но ме разочараа, не е битно за која партија си.“
„Секој ветува едно се дур не седне во фотелјата, а кога ќе седне го заборава ветеното.“
„Велат ќе биде, ќе биде, ама не биднува ништо.“
РСЕ: Што треба народот да направи, за да се промени тоа?
„Па да се дигнеме, да кажеме дека ова вака повеќе не бива, оваа голема сиромаштија, оваа голема бедотија, веќе не иде.“
„Економијата не оди, платите се ниски, пензиите се ниски.“
„Се е лук и вода, стандардот продолжува да опаѓа, тоа е знак дека нешто не оди напред, да има, да оди нешто напред, тоа ќе го почувствуваме, а ние одиме назад. Со истите пари можеме да си дозволиме помалку работи.“
„Не ми се верува дека некој им верува на политичарите.“
Професор Тоновски објаснува дека во одредувањето и креирањето на новогодишните желби и очекувања, доминантна улога имаат социо-економските фактори. Тоа што политиката премногу се вмеша во македонското секојдневие, создава тесна врска меѓу политичарите и граѓаните, оти вторите потајно се надеваат дека првите ќе успеат да ги подобрат условите за живот.
Да се отвораат нови работни места, државата да се фокусира на тоа подобро да се развива економски, да се отвориме кон светот, без разлика на сите препреки кои не се поставени.Анкетиран граѓанин.