Достапни линкови

Предизборна грижа за социјалните проблеми


Архивска фотографија- Стечајци протестираат пред Владата во 2010 година.
Архивска фотографија- Стечајци протестираат пред Владата во 2010 година.

Власта одеднаш реши приоритет да им даде на законите кои обработуваат социјална проблематика. Но за аналитичарите таквиот чекор на владата е со цел собирање на политички поени пред одржувањето на изборите

Законот за пензии и социјална помош, законот за стечајци и законот за бранители во истовреме се најдоа на дневен ред во Собранието. Владата одеднаш покажа грижа за овие категории на граѓани и реши приоритет да им даде на законите кои обработуваат социјална проблематика. Но за аналитичарите таквиот чекор на владата е со цел собирање на политички поени пред одржувањето на изборите.
Ова е само популизам пред избори, ништо повеќе. Јас сум пензионер и ако сака да се грижи за пензионерите, ние до сега треба да имаме 100 отсто покачување.
Анкетиран граѓанин.


Граѓаните кои ги анкетиравме со поделени мислења. Едни тврдат дека владата работи на подобрување на нивната ситуација, други очекуваат, а трети велат се е популизам.
Пензионери во Битола.
Пензионери во Битола.

„Јас мислам дека владата доволно се грижи за разлика од минатите години.“

„Ова е само популизам пред избори, ништо повеќе. Јас сум пензионер и ако сака да се грижи за пензионерите, ние до сега треба да имаме 100 отсто покачување.“
Нерешавањето на тие проблеми во моментот кога партијата доаѓа на власт во првите три месеци , во тие 100 дена или во првите две години покажува дека власта е најмалку заинтересирана да ги реши проблемите.
Соња Стојадиновиќ, политички аналитичар.

„Јас мислам дека ќе се поправи состојбата, редно е еднаш и оваа сиромаштија да види нешто добро.“

Политичкиот аналитичар Соња Стојадиновиќ, вели дека проблемите со тие категории постојат години наназад, а тоа што сега владата реши да расправа за нив покажува колку во наводници се грижи.

„Нерешавањето на тие проблеми во моментот кога партијата доаѓа на власт во првите три месеци , во тие 100 дена или во првите две години покажува дека власта е најмалку заинтересирана да ги реши проблемите. А давајќи им некаква коска за глодање на тие категории, што можеби делува вулгарно и сурово, но тоа е навистина така, во очи на избори е само залажување и купување на гласови, како што се прави секогаш пред избори.“

Професорот Осман Кадриу вели дека тешко може да се оценат мотивите на власта.

„Се работи за одредени заложби, одредени ангажирања што навистина власта сака да помогне на овие категории, може да има некаков атрибут, некаква врска и со самите избори, но како и да е, мислам дека настојувањата на власта се позитивни и добронамерни, друго е прашањето како тие ќе се остварат.“

Според аналитичарите последните збиднувања во Собранието не наговестуваат дека овие закони ќе бидат донесени, бидејќи нема политички дијалог меѓу партиите со што се доведува во прашање функцинорирањето на институцијата.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG