Достапни линкови

Празниците обид да бегство од реалноста


Празните домашни каси влијаат на празничното расположение, велат граѓаните. Но колку и да е големо влијанието на сиромаштијата врз човековото расположение, празниците се обид да се избега од суровата реалност, велат социолозите.

На неколку дена пред Новогодишните и Божиќните празници, градот ја живее празничната магија. Продавниците се преполни, излозите украсени и светликави, луѓето раздвижени, но најголемиот дел од оние со кои поразговаравме велат дека празните домашни каси влијаат на празничното расположение.
Почнавме со пакетчиња за внуците, инаку се друго е скапо. Скромно се живее и за празниците ќе биде најнормално, скромно, во домашни услови.
Анкетиран граѓанин.

„Почнавме со пакетчиња за внуците, инаку се друго е скапо. Скромно се живее и за празниците ќе биде најнормално, скромно, во домашни услови.“

„Не чувствувам новогодишна атмосфера, не сум расположена.“

„Се радуваме, убаво е.“

„Има расположени, со мало дете сме, тоа самото те тера да ја почувствуваш повеќе
атмосферата.“

Но и покрај финансиските проблеми, граѓаните сепак признаваат дека ги сакаат празниците и им се радуваат. Иако скромна, и годинава велат ќе има новогодишна трпеза. Салатите и кифлите се задолжителни велат, а месо ќе има само ако останат пари за да се купи.
Празниците се моментот кога човекот сепак малку се чувствува порелаксирано, па се посветува и на себе си и на другите. Изнаоѓа и некакви начини и решенија да ја поправи својата гозба тој ден, да го поправи своето расположение.
Ѓорги Тоновски, социолог.

„Ќе видиме нешто ќе припремиме. Сигурно ќе има и мевце со црвено винце.“

„Ништо посебно, исто како и секогаш кога ќе се собереме друштво. Кифлички, салати, сокчиња, благо.“

Сиромаштијата е еден од најтешките облици на човековото оттуѓување. Некои дури ја дефинираат како болест од која по секоја цена секој сака да избега, но во тоа многу тешко успева, вели социологот Ѓорги Тоновски. Но колку и да е големо влијанието на сиромаштијата врз човековото расположение, празниците се обид да се избега од суровата реалност, објаснува тој.

„Празниците се моментот кога човекот сепак малку се чувствува порелаксирано, па се посветува и на себе си и на другите. Изнаоѓа и некакви начини и решенија да ја поправи својата гозба тој ден, да го поправи своето расположение.“

Факт е дека празниците зближуваат, а магијата која се создава тие денови ги обзема сите. За жал таквото чувство е како отрезнувањето, сликовито објаснува професорот Тоновски, велејќи дека трае многу кратко.

„Утредента кога ќе се разбудите гледате дека повторно таа е тука некаде околу вас, ве обвиткала, ве гуши и не сака никако да се одвои од вас и таа можеби некој ден ќе заборави дека постојат овие балкански простори, па ќе се пресели некаде на друго место.“

Иако убавото чувство кратко трае, Тоновски вели дека и тоа е подобро да постојат такви моменти, отколку да му се дозволи на сивилото да се развлече во текот на целата година.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG