Достапни линкови

САД и Куба ги обновуваат односите, Конгресот поделен


САД и Куба ги обновуваат односите
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:36 0:00

САД и Куба ги обновуваат односите

Објавата на претседателот Барак Обама дека САД ќе почнат разговори за нормализирање на односите со Куба наиде на одобрување во светот, но не и кај дел од Конгресот.

Ќе го завршиме застарениот пристап што со децении го попречуваше напредокот на нашите интереси, изјави претседателот Барак Обама, додавајќи дека станува зор една од најзначајните промени на американската политика во изминативе педесет години.

„Овие педесет години покажаа дека изолацијата не успева. Време е за нов пристап. Не очекувам овие промени да донесат трансформација на кубанското општество преку ноќ. Но, убеден сум дека преку ангажирана политика ќе можеме подобро да ги браниме нашите вредности и да им помогнеме на Кубанците“, изјави Обама.

Новата промена, до која дојде по едногодишни тајни преговори меѓу двете земји, вклучува отворање американска амбасада во Хавана и постепено укинување на повеќедецениското трговско ембарго.

Во исто време со говорот на Обама, обраќање имаше и кубанскиот претседател Раул Кастро, кој наведе дека неговата земја се согласила да ги обнови односите со Соединетите Држави.

Овие педесет години покажаа дека изолацијата не успева. Време е за нов пристап. Не очекувам овие промени да донесат трансформација на кубанското општество преку ноќ. Но, убеден сум дека преку ангажирана политика ќе можеме подобро да ги браниме нашите вредности и да им помогнеме на Кубанците.
Барак Обама, претседател на САД

Претходно, тие имале 45-минутен телефонски разговор, прв на лидерите на двете земји по кубанската револуција со која на власт дојде Фидел Кастро.

Американскиот државен секретар Џон Кери изјави дека очекува да биде прв државен секретар што ќе ја посети Кина по 60 години.

Белата куќа, пак, не ја исклучи можноста Куба да ја посети и Обама кој, пак, по сè изгледа ќе наиде на отпор од републиканските конгресмени при најавената дебата за укинување на ембаргото.

Лидерот на републиканците во Претставничкиот дом, Џон Бонер, новата политика ја нарече уште една од многуте непромислени отстапки спрема кубанскиот диктаторски режим.

Новиот шеф на сенатскиот Комитет за надворешни односи републиканецот Роб Коркер, пак, најави дека новиот состав на Конгресот детално ќе ги разгледа последиците од ваквата голема промена на политиката.

Од друга страна, оваа нова промена беше поздравена од генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки-мун, Европската унија, Папата Франциск, како и од повеќето земји во светот.

На Куба под водство на братот на Раул Кастро, Фидел, во 1959 година беше изведена комунистичка револуција при што беше соборен диктаторот Батиста.

Една година потоа Вашингтон воведе трговска блокада на овој Карипски остров кој во 1962 година стана епицентар на Кубанската ракетна криза по што тогашниот Советски Сојуз таму инсталира свои нуклеарни проектили.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG