Зголемени инвестиции, државен испит, Груевски во Саудиска Арабија, па на средби со премиерите на Србија, Кина и Унгарија. Ова се главните вести што може да се прочитаат деновиве во домашните медиуми. Меѓу нив ги нема оние поврзани со напредокот на Македонија во Европската унија, иако деновиве заседаваше Советот за општи работи на Унијата кој одлучи на земјава повторно да не и се додели датум за почеток на преговорите, а слична одлука се очекува да донесе и Европскиот совет.
Јас не знам што се случува, кармак-каша е кај нив, како и кај нас во државата. Проблеми ги има многу, но ете држава, како држава не сме лоши. Јас само не знам од каде толку желба за таа пуста Европска унија.Анкетиран граѓанин.
Вестите поврзани со случувањата во ЕУ во поголемиот дел од медиумите се куси и главно концентрирани на тоа дека проблемот е исклучиво во нерешениот спор за името.
„Кажаа „не“ за Македонија на последниот состанок.“
„Јас не знам што се случува, кармак-каша е кај нив, како и кај нас во државата. Проблеми ги има многу, но ете држава, како држава не сме лоши. Јас само не знам од каде толку желба за таа пуста Европска унија.“
„Не можеш да ги наброиш многу забелешки има, почнав да ги бројам, ми требаа два саати“, велат анкетираните граѓани.
Од друга страна пак медиумите во ваква медиумска состојба каква што имаме во моментов во Македонија, само ги превземаат и ги пресликуваат пораките на политичарите и нивните агенди и ги ставаат во своите сопствени медиумски агенди.Жанета Трајкоска, Висока школа за новинарство.
Според Жанета Трајкоска од Високата школа за новинарство и односи со јавноста голем дел од медиумите не известуваат целосно за случувањата поврзани со ЕУ. Според неа политичките елити проблемот за името го користат како еден вид извлекување на тоа што ним им одговара за да ја одржат својата политичка платформа на власт, а опозицијата пак не ги артикулира доволно добро другите сегменти од извештајот.
„Од друга страна пак медиумите во ваква медиумска состојба каква што имаме во моментов во Македонија, само ги превземаат и ги пресликуваат пораките на политичарите и нивните агенди и ги ставаат во своите сопствени медиумски агенди, тоа значи најголем дел од луѓето она што го гледаат и го слушаат на најголем дел од медиумите, не е како медиумот размислува за одредено прашање, туку како политичарот сака медиумите да известуваат“, вели Трајкоска.
Ако продолжи ваквата ситуација граѓаните ќе чувствуваат само фрустрираност и незадоволство од односот на ЕУ кон Македонија, смета Бојан Маричиќ од Македонскиот центар за Европско образование.
„Тоа е така пред се, зошто власта така ги дозира информациите коишто не и одговараат. Ако се сеќавате порано, кога имаше попозитивни зборови за Македонија, тие зборови гласно се пренесуваа, а денес веќе не е така. Од последниот извештај за напредокот кога власта реално доби остри критики, особено во делот на политизација на институциите, проблеми со корупцијата, проблеми со политичкиот дијалог, сите тие заклучоци се практично пренесени во заклучоците на Советот, така што токму и затоа не се пренесуваат доволно во јавноста, бидејќи не и одговараат на власта“, вели Маричиќ.
Според него неопходно е сега да се отворела дебата за сите забелешки на Европската унија и за тоа дали и како владата работи на нивно подобрување оти како што вели во заклучоците се наведува и дека ако нема итна акција до идниот извештај тешко можело да се очекува повторно добивање на препораката за преговори.