Достапни линкови

ЕУ против руското влијание на Балканот


Западот против руското влијание на Балканот
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:33 0:00

Западот против руското влијание на Балканот

Брисел е загрижен дека Западен Балкан е во опасност да стане уште една точка на тензии меѓу Западот и Русија.

Германската канцеларка Ангела Меркел ја обвини Русија за мешање во внатрешните работи на земјите кои сакаат поблиски односи со Европската унија. Таа, во интервју за весникот „Ди Велт ам Зонтаг“, ја обвини Москва дека се обидува да го зголеми своето влијание во земјите од Западен Балкан со тоа што сака да ги направи економски и политички зависни од Русија.

Секако би било добро да се зачува Западен Балкан да остане надвор од сето ова и јас би очекувала сите во руското раководство да го делат ова мислење.
Федерика Могерини, шефица на европската дипломатија.

Меркел, според оценките на аналитичарите, уште еднаш ја повтори германската загриженост за руската улога на Балканот кој останува политички и економски кршлив и две децении по крвавото распаѓање на социјалистичка Југославија.

Додека Словенија и Хрватска и се придружија на Европската унија, влезот на Србија, Босна, Македонија, Црна Гора, Албанија и Косово е забавен поради недоволните реформи, но и поради несогласувањата во самата Унија за натамошното нејзини ширење.

Молдавија, Грузија и Украина решија да потпишат договори за асоцирање со Унијата, па затоа Русија сега им прави проблеми на овие три земји.
Ангела Меркел, германска канцеларка.

Деновиве и Европската унија побара од Русија да не го вовлекува Западен Балкан во се подлабоките несогласувања со западот околу Украина.

Брисел е загрижен дека Западен Балкан е во опасност да стане уште една точка на тензии меѓу двете страни.

Земјите од Западен Балкан работат на членство во Европската унија, но дипломатите сметаат дека Русија ги експлоатира економските тешкотии во кои се наоѓаат земјите во регионот, како и проруските чувства меѓу православните христијани со цел да го зголеми своето влијание на Балканот.

Деновиве шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини во Сараево изјави дека е во интерес на двете страни да најдат и да развијат начини за соработка, а не за конфронтација.

„Секако би било добро да се зачува Западен Балкан да остане надвор од сето ова и јас би очекувала сите во руското раководство да го делат ова мислење“, изјави Могерини.

Инаку, германската канцеларка Ангела Меркел во интервјуто за весникот „Ди Велт ам Зонтаг“ исто така оцени дека Москва се меша во внатрешните работи на источноевропските земји кои сакаат да имаат потесни врски со Европската унија.

„Молдавија, Грузија и Украина решија да потпишат договори за асоцирање со Унијата, па затоа Русија сега им прави проблеми на овие три земји“, смета Меркел, спомнувајќи ги притоа таканаречените замрзнати конфликти во молдавскиот регион Придњестровие, во грузиските сепаратистички делови Абхазија и Јужна Осетија, како и источните региони на Украина.

Минатиот месец, рускиот претседател Владимир Путин потпиша договор за стратегиско партнерство со Абхазија што предизвика остри критики од Соединетите Држави и Европската унија.

XS
SM
MD
LG